За да го направите овој вкусен, интересен и пред се здрав оброк, потребни ви се само неколку состојки кои сигурно ги имате дома.
За да го направите овој вкусен, интересен и пред се здрав оброк, потребни ви се само неколку состојки кои сигурно ги имате дома.
Состојки:
- 1 пакување тенки кори
- 100 гр моркови
- 100 гр свежа зелка
- 100 гр целер
- 100 гр тиквички
- сол, бибер
- малку соја сос
- масло
- по желба семки од тиква, сончоглед, лен…
Подготовка:
1. Зеленчукот по желба можете да го исечете на стапчиња или да го изрендате.
2. Намачкајте ги корите и филувајте ги. Зачинете го зеленчукот со сол и бибер, додадете семки по избор, посипете сè со соја сос и завиткајте (треба да бидат 5 x 1,5 см).
3. Пржете ги на масло додека не поруменат.
4. Послужете ги веднаш додека се топли со убав сос по избор.