Прсти да излижеш…
Состојки:
- 2 тиквички
- 500 гр мелено месо
- 2 чешниња лук
- 1 кромид
- 3 јајца
- 1 морков
- 1 лажичка црвен пипер
- 300 мл млеко
- Сол, бибер и суви зачини по вкус
Подготовка:
Излупете ги, исечете ги и посолете ги тиквичките. Кромидот и лукот исечкајте ги и пропржете на малку масло, па кога ќе омекнат додадете ги меленото месо, ренданиот морков и пиперот, а потоа и остатокот од зачините.
Динстајте уште малку.
На дното на тавата распоредете ги тиквичките, одозгора ставете го месото и повторно ставете тиквички.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Кон крајот на печењето изматете ги јајцата со млекото и прелијте ја мусаката.
Вратете ја во рерна да се пече 10-15 минути.