Во подготовката на риба во рерна еден од главните проблеми е како да се сочува
нејзината структура од рибно месо од сушење и да се избегне залепувањето на
дното на тавата.
Во тоа помага супер трикот кои е и основа за подготовка за рецепт на печен ослиќ во кора, а
со кој може да се подготви за печење на било кој тип на риба.
Состојки:
- 800гр филети од ослиќ
- 1 лимон
Кора:
- 150 гр тост
- 40 гр рендано биено сирење
- 50 мл маслиново масло
- 1 лажица сечкан магдонос
- 20гр мелени бадеми
Додаток:
- 200 гр спанаќ
- 400 гр компири
Подготовка:
1. Излупените и на коцки исечени компири ставете ги во ладна вода и во меѓувреме измијте
го спанаќот и исечете го на ленти од околу 2 сантиметри.
2. За филетите ослиќ подгответе маринада, ставете го ослиќот во сад и прелијте го со сок од
еден лимон, малку сол и бибер и оставете да отстои околу 10 минути. Подгответе ја смесата
во која ослиќот ќе се пече, со тост тргнете ја кората, исецкајте магдонос, додајте рендано
сирење, маслиново масло и сето тоа заедно ставете во садот со ослиќ и втиснете.
3. Половина од подготвената смеса ставете ја во керамички сад за печење, на неа ставете ги
филетите ослиќ, посипете со мелените бадеми и по нив додадете го остатокот од смесата.
Рибата ставете ја во рерна на 150 степени целзиусови и печете околу 15 минути.
Послужете со зготвениот спанаќ и компир и по желба додајте кришки сечени домати.
Тајната која ќе осигура филетите ослиќ да не се исушат за време на печењето е корицата
кората на рибата и за време на печењето станува крцкава, задржувајќи ја рибата сочна. На
овој начин можете да подготвите било кој тип на поголема риба и бидете сигурни дека за
време на печењето нема да се исуши