Не ја фрлајте кората од бананите!

Мај 4, 2019 | Совети

Сите ги сакаме. Вкусни се, заситуваат и ни даваат доволно енергија и вредни нутриенти како калиум, магнезиум, витамин Б6 и витамин Ц.

Одлични се и како аналгетик, за здрава и убава кожа, но и за слабеење.

Кога немаме време за појадок, најлесно е да земеме една банана и сме го решиле проблемот, а сме добиле доволно вредни нутриенти за цел ден: калиум, магнезиум, витамин Б6 и витамин Ц.

Бананите се познати по тоа што ги креваат расположението и енергијата, го јакнат имунитетот и го намалуваат холестеролот. Но освен бананата, може да се искористи и кората која обично ја фрламе, а е вистинско богатство сама за себе.

Имено, кората од банана е богата со антиоксиданси и има антиејџ дејство на нашата кожа.

Ја хидрира, ја храни и ја подобрува нејзината еластичност.

Со секојдневно втривање на кората од банана на лицето, особено на подрачјето околу очите, ќе се измазнат брчките и ќе се намали црвенилото.

Доволно е пред спиење да се истриете со кора од банана по лицето и вратот и да оставите да длеува преку ноќ или барем еден час.

Секако, претходно бананите треба да се измијат. Оваа метода е многу корисна и за ублажување на симптомите на псоријазата.

Два пати дневно тријте ги заболените места со кора од банана и оставете да дејствува околу пола час до 1 час.

Истото можете да го правите и ако имате проблем со брадавици.

Земете парченце од кората и со фластер прицврстете го на брадавицата и оставете да стои преку ноќ. Постапката треба да се повторува сѐ додека брадавицата не исчезне.

Кората од банана е природен аналгетик кој може да ви помогне да се ослободите од одредени болки во телото.

Ако се повредите или чувствувате болка од некоја друга причина, тријте го местото со кора од банана сѐ додека не почувствувате олеснување.

Истото важи и за убоди од инсекти.

Кората од банана е одлична и за избелување на забите.

По миењето на забите тријте ги по 2-3 минути и ќе ја забележите разликата веќе за две недели..

Кога станува збор за слабеење пак, треба да одберете зелени банани кои содржат повеќе пробиотици од зрелите.

Докажано е дека кората од зелена банана го зголемува нивото на серотонин и допамин во телото и воедно помага при слабеењето.

Но со оглед на тоа што кората од зелена банана не е идеален деликатес кој би сакале секојдневно да го консумирате, можете да ја „спакувате“ во вкусно и здраво смути.

Излупете ги бананите, ставете ја кората во блендер заедно со кокосово млеко, цимет, мед или некој друг природен засладувач.

Ако сакате вашето смути да има уште поголем ефект, додадете малку каенски пипер или ѓумбир и сок од лимон. На крајот ќе добиете вкусен и здрав детокс напиток.

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...