Пет совети за поздрав дигестивен систем

Апр 13, 2019 | Совети

Многумина својот режим на исхрана го дефинираат според саканата фигура и форма, други пак,

си поставуваат ограничувања поради религиозни причини, а на трети воопшто не им е грижа како и со што сè се хранат.

Во сите три случаи треба да се прашаме себе си – дали начинот на исхрана и воопшто на живот не му штети на нашето здравје?

По тој повод, стручни лица од Германија посочуваат како да ги заштитиме стомакот и цревата од болести.

1. Кажете им „не” на лошите навики!

Пушењето двојно го зголемува ризикот од киселините во желудникот, а алкохолот може да предизвика крварење во цревата.

Една причина повеќе за откажување од овие навики.

2. Редовно вежбање

Истражувањата покажуваат дека редовните вежби ги намалуваат причинителите на воспаленија во нашето тело и ја стимулираат преработката на храната.

3. Помалку стрес

Ако сте постојано под стрес, тоа сигурно ќе влијае на работата на системот за варење.

Односно, при хроничен стрес, се појавува растројства, како што се запек или дијареа.

За потешки случаи, стручните лица препорачуваат вежби со длабоко вдишување и издишување, јога, медитација…

4. Пијте вода

Дехидратацијата е најчеста причина за проблеми со системот за варење.

Се препорачува да се пие од половина литар до два литра вода дневно. Ако живеете во област каде што климата е потопла, вносот треба да е и поголем.

5. Повеќе влакна

Неколку истражувања покажуваат поврзаност меѓу консумација на храна со влакна и помалиот ризик од нарушувања во дигестивниот систем, како чирови, киселини и хемороиди. Тука се препорачува поголем внос на зрнести плодови, како и зеленчук и овошје.

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...