Рецепт од читателка: Ѕвездички со кашкавал

Мар 31, 2019 | Пити и тесто

Овој рецепт ни го испрати Русинка Јаковлеска од Битола.

Состојки:

  • 300 g брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 2 лажички сенф во прав
  • 150 g маргарин, на коцки
  • 150 g рендан кашкавал
  • 1 јајце
  • млеко за премачкување
  • сусам за посипување

Подготовка:

Помешајте ги брашното, прашокот за пециво и сенфот.

Додајте ги коцките маргарин и со вилушка или со прсти измешајте го сето тоа, да се добијат зрнца.

Додадете го кашкавалот, промешајте, додајте го јајцето и 4-5 лажици ладна вода и измесете го тестото.

Пренесете го тестото на побрашнета маса, исукајте го на дебелина од околу 8 mm и со помош на калап исечете форми на ѕвезди (или некои други).

Наредете ги ѕвездите во тавче на хартија за печење, премачкајте ги со млеко, посипете ги со сусам и печете ги во загреана рерна на 200°C, 10-12 минути или додека не се заруменат.
Добар апетит!

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Палачинките се еден од оние десерти кои би можеле да ги јадеме секој ден и не би се пожалиле дека често се на „менито“. Доколку и самите ги сакате, можеби е време да ги смените класичните и да пробате поздрава верзија во која ќе уживате без каење. Состојки: 1 морков...

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Се прави за еден час, а во неговата свежина можете да уживате до 7 дена, доколку можете да одолеете да не го јадете.Ако сте се здебелиле во текот на зимата и сега барате начин да го намалите внесот на калории, ќе започнете со елиминирање на белото брашно. Се прави за...

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Палачинките се старомоден деликатес кој се прави од состојки кои секоја домаќинка ги има дома. Може да бидат солени, слатки, пржени… Доколку сакате да ги јадете, ви носиме евтин рецепт за кој се потребни само три состојки. Палачинките се прават без брашно, млеко,...

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Состојки: 500...