Највкусниот рецепт за фурнарини

Мар 22, 2019 | Пити и тесто

Состојки:

  • 260 г брашно
  • 60 г пченкарно брашно
  • 80 мл масло за готвење
  • 160 мл млака вода
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1/2 кесичка сув квасец
  • малку сусам, сол, црвен пипер, ким (за посипување)

Подготовка:

Замесете го тестото. Во сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса.

Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути.

Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го.

Со помош на ноже за сечење пица, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го).

Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути.

Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и наросете со сусам, сол и црвен пипер.
Печете во загреана рерна, на 230 степени, околу 10 минути водејќи сметка да не изгорат бидејќи не е потребно долго печење.

Посипете ги со  сирење, кашкавал или сл. и сервирајте ги.

Добар апетит!

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Палачинките се еден од оние десерти кои би можеле да ги јадеме секој ден и не би се пожалиле дека често се на „менито“. Доколку и самите ги сакате, можеби е време да ги смените класичните и да пробате поздрава верзија во која ќе уживате без каење. Состојки: 1 морков...

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Се прави за еден час, а во неговата свежина можете да уживате до 7 дена, доколку можете да одолеете да не го јадете.Ако сте се здебелиле во текот на зимата и сега барате начин да го намалите внесот на калории, ќе започнете со елиминирање на белото брашно. Се прави за...

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Палачинките се старомоден деликатес кој се прави од состојки кои секоја домаќинка ги има дома. Може да бидат солени, слатки, пржени… Доколку сакате да ги јадете, ви носиме евтин рецепт за кој се потребни само три состојки. Палачинките се прават без брашно, млеко,...

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Состојки: 500...