Превкусно – леб со тиквички

Мар 21, 2019 | Пити и тесто

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка зачин
  • 1 помала тиквичка
  • 3 јајца
  • неколку сечкани маслинки
  • 75 мл масло
  • 75 мл млеко
  • 50 гр сирење
  • бибер
  • магдонос, рузмарин, мајчина душица, босилок и други свежи зачини по желба

Подготовка:

Тиквичката се лупи и се ренда ситно, се посолува и се остава 1-2 часа во цедалка, да се исцеди добро.
Се меша брашното со сол и прашок за пециво. Јајцата се матат со вилушка, се додаваат млекото и маслото  и се мешаат со брашното.

На таа смеса се додава изгмеченото сирење и сечканите маслинки. Тиквичката добро се цеди и се додава во смесата.

Се додаваат бибер и сечкани зачини по желба. Смесата добро се меша и се става во долгнавест плех (за леб), обложен со хартија за печење.
Така сипаната смеса се израмнува и се попрскува со масло . Се пече во претходно загреана рерна на 200°С, околу 40 минути.

Со чачкалица се проверува дали лебот е печен.
Печениот леб се остава малку да се излади, а потоа се вади од калапот и да се излади до крај.

Добар апетит!

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Палачинките се еден од оние десерти кои би можеле да ги јадеме секој ден и не би се пожалиле дека често се на „менито“. Доколку и самите ги сакате, можеби е време да ги смените класичните и да пробате поздрава верзија во која ќе уживате без каење. Состојки: 1 морков...

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Се прави за еден час, а во неговата свежина можете да уживате до 7 дена, доколку можете да одолеете да не го јадете.Ако сте се здебелиле во текот на зимата и сега барате начин да го намалите внесот на калории, ќе започнете со елиминирање на белото брашно. Се прави за...

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Палачинките се старомоден деликатес кој се прави од состојки кои секоја домаќинка ги има дома. Може да бидат солени, слатки, пржени… Доколку сакате да ги јадете, ви носиме евтин рецепт за кој се потребни само три состојки. Палачинките се прават без брашно, млеко,...

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Состојки: 500...