Месено – зелник со јогурт

Мар 18, 2019 | Пити и тесто

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1дл. јогурт
  • 500гр. спанаќ
  • 600гр. брашно
  • 1/4 лажица сув квасец
  • 3 лажици презла
  • 2дл. масло
  • сол

Подготовка:

Спанаќот (можете и зелје и коприви) добро измијте го и исчистете го од дршките.

Посолете го и оставете го 25 минути да пушти сок. Во 4 дл. млака вода додајте го сувиот квасец и замесете тесто од брашно, малку сол и лажица масло.

Замесете тесто, поделете го на три дела и секој дел на уште три делчиња.

Малку растегнете го, премачкајте го со масло и припоете по три дела од целото тесто.

Оставте го на топло околу 25 минути. Спанаќот процедете го, додајте јогурт, јајца и презли и смесата добро измешајте ја и по потреба посолете ја.

Уклучете ја рерната да се загрее на 220 степени. На чиста платнена крпа развлечете три кори (една по една) па секоја попрскајте ја со масло и додајте и’ фил со спанаќ.

Завиткајте ја кората, а потоа од неа обликувајте спирала и ставете ја на подмачканата тава за печење. Истото направете го и со останатите кори.

Печете 20 минути на 200 степени. Потоа извадете ја од рерна, попрскајте ја со вода и оставете ја да здивне. По 15 минути, исечете ја и послужете ја со јогурт.

На здравје!

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Палачинките се еден од оние десерти кои би можеле да ги јадеме секој ден и не би се пожалиле дека често се на „менито“. Доколку и самите ги сакате, можеби е време да ги смените класичните и да пробате поздрава верзија во која ќе уживате без каење. Состојки: 1 морков...

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Се прави за еден час, а во неговата свежина можете да уживате до 7 дена, доколку можете да одолеете да не го јадете.Ако сте се здебелиле во текот на зимата и сега барате начин да го намалите внесот на калории, ќе започнете со елиминирање на белото брашно. Се прави за...

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Палачинките се старомоден деликатес кој се прави од состојки кои секоја домаќинка ги има дома. Може да бидат солени, слатки, пржени… Доколку сакате да ги јадете, ви носиме евтин рецепт за кој се потребни само три состојки. Палачинките се прават без брашно, млеко,...

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Состојки: 500...