Прекрасни кошнички со туна кои ќе ја збогатат вашата хроно исхрана.
Состојки:
За тестото:
200 g ‘ржано брашно
½ прашак за пециво;
1 рамна лажичка морска сол;
2 лажички маслиново масло;
140 ml млака вода.
За филот:
1 главица кромид;
1 чешле лук;
2 лажици маслиново масло;
Малку вода;
200 ml доматен сок;
½ конзерва домати;
Прстофат сол, оригано, бибер;
Конзерва туна;
3 јајца.
Подготовка:
Во чинија ставете брашно, сол, прашак за пециво и добро измешајте. Додајте масло и вода и замесете го тестото. На набрашнета маса, домесете го тестото. Развлечете го тестото со оклагија (сукало) и со поширок филџан вадете кругови.
Премачкајте го калапот за мафини со путер, а потоа ставајте ги круговите така што ќе се формираат кошнички. Со прстите, притиснете ги навнатре, а потоа рабовите притиснете ги за калапот.
Кога ќе го наполните калапот, ставетего во рерна за да фатат коричка. Доволни се 10 мин.
За филот, исечкајте ги кромидот и лукот. Ставете ги на маслиново масло да се динстуваат и додајте по малку вода. Кога ќе смекне кромидот, додајте ги доматниот сос, доматите до конзерва, зачините и туната. Оставете се убаво да прокрчка, па тргнете ја смесата од огнот за да се излади. Потоа, изматете ги трите јајца и додајте ги во сосот.
Кога кошничките ќе фатат коричка (малку потпечени), извадете ги од рерна и наполнете ги со сосот.
Вратете го калапот во рерна и печете уште 10 до 15 минути на 210 целзиусови степени.