Врвна риба во однос на вкусот и подготовката …
Потребно е:
- 1 орада (околу 700 гр)
- 1 лимон
- сол, по вкус
- 100 мл маслиново масло
- 1/2 китка магдонос
- 250 мл масло
- 250 мл вино
Подготовка:
За маринадата измешајте ги маслиновото масло, изрнданата кора од лимон, ситно сецканиот магдонос и солта.
Исчистената риба убаво измијте ја и исушете ја со хартија. Засечете ја вертикално на три места. Ставете ја во тавата во која ќе ја печете, прелијте ја со маринадата, со прсти истријте ја убаво и оставете да се маринира околу 2 часа. Вртете ја од време на време.
Пред да ја ставите да се пече, полијте ја рибата со виното. Наредете под рибата и на неа лимон исечен на тркалца.
Ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Должината на печењето зависи од големината на рибата. Рибата е готова кога ќе биде убаво печена одозгора.
Пред да ја сервирате посипете ја со сецкан свеж магдонос или со прелив од маслиново масло, магдонос и сецкан лук.
Служете ја со сварен ориз, компир со блитва или компир салата, по желба.