Храната и расположението: Што треба да јадеме на различна возраст?

Јан 4, 2018 | Совети

Познато е дека со секоја помината година, метаболизмот се забавува и станува сè потешко да се ужива во калорична храна (како пица и колачи) без да се зголеми телесната тежина.

Сега, ново истражување индицира дека возрасните реагираат различно на одредена храна во однос на нивните тинејџерски години и дека одредена храна го менува менталното здравје на младите и постарите луѓе на различни начини.

 

Студијата направена од истражувачи од Бингхамтон универзитетот во Њујорк вклучувала анкета во врска со специфична храна и расположение, со која било утврдено дека оние со старост помеѓу 18 и 29 години подобро функционирале кога јаделе месо, додека одговорите на оние над 30 години покажале дека антиоксидансите кај нив делувале многу помоќно кога се зборува за менталното здравје.

Кај нив исто така била забележана важноста на апстинирање од супстанци како кафе и храна со висок гликемиски индекс (како лебот и слатките работи) што резултирало со подобро ментално здравје.

 

 

Истражувачите веруваат дека оваа студија нуди издржани докази дека можеби има потреба исхраната да се нагодува според возраста на личноста. Било заклучено дека помладите личности се почувствителни на таложење на одредени мозочни хемикалии како серотонинот и допаминот, бидејќи минати истражувања покажале дека оние кои се борат со депресијата имаат пониско ниво на серотонин.

Така, тинејџерите може да се подобро расположени на исхрана која содржи многу месо, кое помага за зголемување на овие мозочни хемикалии. Редовното вежбање од најмалку 3 пати во неделата исто така помага на тинејџерите да имаат помалку ментални проблеми.

 

 

Оние, пак, над 30 години, имаат поголема корист од внесување повеќе антиоксиданси, особено преку овошјето. Причината за тоа е што со стареењето, се зголемува формирањето на слободни радикали (оксиданти), со што паралелно се зголемува и потребата од антиоксиданси.

Овие слободни радикали влијаат на мозокот и предизвикуваат ментален стрес, а бидејќи со годините способноста за регулирање на стресот се намалува, консумирањето на храна која го активира (како кафето и голем број јаглехидрати) не се препорачува.

Истражувачите во нивната следна студија се надеваат дека ќе успеат да проценат како храната би можела различно да влијае врз мажите и жените.

 

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...