Човек кој направил пресврт во кариерата на Новак: Му ставил кришка леб на стомакот и му кажал да ја испружи раката, а потоа започнале промените…

Јул 22, 2019 | Совети

Во врвниот спорт не е важна само моменталната технологија туку и голем

број други работи кои го следат целиот процес на создавање на врвниот шампион како што се закрепнувањето, суплементацијата,

менталниот тренинг, и на крајот – исхраната.

Малкумина врвни спортисти водат грижа за исхраната

Поразителен е фактот дека повеќето рекреативци повеќе водат грижа за исхраната отколку врвните спортисти, но тие кои го сфаќаат тоа навреме и ги менуваат навиките, стануваат шампиони.

Тоа го сфатил и Новак Ѓоковиќ во 2010 година, запознавајќи го д-р Игор Четојевиќ, лекар по енергетска медицина, кој со промена на исхраната му помогнал да го достигне врвот на светскиот тенис.

Лошата храна предизвикува воспаленија

Ѓоковиќ пред тоа се хранел нездраво – пици, пецива, тестенини, слатки, голема количина на месо, но сето тоа му го оптоварувало дигестивниот систем.

“Не сфаќав дека таквата исхрана предизвикува воспаленија. Телото реагирало на храна која не му одговара и испраќало сигнали”, открил тенисерот во една прилика.

Најтешкиот момент во кариерата воедно бил и судбоносен, а се случил на Австралијан Опен во 2010 година, на мечот со Жо-Вилфрид Цонга.

Водел 2:1 во сетови, кога започнала агонијата со дишењето.

“Коментаторот на мечот постојано зборуваше: “Новак повторно се мачи со астмата”.

Но, судејќи по искуството кое го имав со кинеската традиционална медицина, можев да заклучам дека астмата не беше проблемот.

Секој пат кога коментаторот ќе го споменеше тоа, јас коментирав на глас: “Не е астма!”, додал Новак.

Поголемиот број од болестите доаѓаат од цревата

“Општо гледано, според кинеската медицина, симптомите на астма се јавуваат рано наутро, а мечот се играше попладне.

Исто така, доколку навистина станувало збор за астма, Новак не би бил во состојба толку добро да ги одигра првите два сета пред појава на дишните проблеми”, раскажал д-р Четојевиќ повеќе пати досега и додал:

“Почнав да се сомневам дека во случајот на Новак, проблемите со дишењето се последица на нарушена рамнотежа

во неговиот систем за варење, особено со таложење на токсини во дебелото црево. Во традиционалната кинеска медицина, белите дробови се поврзани со дебелото црево”.

Подоцна таа година, тој во Сплит на мечот на Дејвис купот помеѓу Хрватска и Србија се сретнал со Новак.

Набрзо потоа, го подложил на едноставен тест: побарал левата рака да ја стави на својот стомак, а десната да ја испружи и да пружа отпор, а докторот му ја притискал надолу.

Потоа му дал кришка леб, му кажал да ја стави на стомакот и го повторил тестот. Отпорот и силата во раката која била повторно притисната нагло опаднале.

“Звучеше лудо, но веднаш почувствував голема разлика”, изјавил Ѓоковиќ.

Подоцна, биохемиските и другите медицински тестови покажале голема нетолеранција на житарици и млечни производи.

Докторот открил дека Новак е многу чувствителен на глутен, протеин присутен во пченицата.

Дијагностиката е најважна

Д-р Четојевиќ објаснил на кој начин му приоѓа на проблемот со исхраната кај спортистите:

“Технологијата со која се служам се нарекува “biofeedback” – таа користи медицински софтвер кој го чита телото како 3D и преку него ги добивам сите податоци – што се зема во прекумерни количини, што се консумира во недоволни количини и која храна не се вари добро.

“Прикачувам ремени на нивното тело, а спортистите во текот на тестот ги испраќаат своите енергетски информации до компјутерот.

Потоа правиме други тестови, испраќаме различни супстанци (витамини, ензими, токсини) и телото позитивно или негативно реагира на нив – јас сето тоа го исчитувам, а потоа делуваме во согласност со тоа”, вели докторот.

По соработката со него и промената во начинот на исхрана, Новак повеќе немал проблеми со алергиите и дишењето и имал енергија да игра и до шест часа.

Првата титула пристигнала во 2011 година на Австралијан Опен, а потоа следела година за паметење – освојување на Вимблдон и прво место на АТП листата, а потоа и УС

Опен. Сето останато е историја…

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...

Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани

Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0.7, а цените на мало за 1.4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13.0, а цените на мало од 10.1 проценти, соопшти Државниот завод за...

ХРАНА ЗА МОЗОКОТ! Како исхраната влијае на нашата интелигенција!

ХРАНА ЗА МОЗОКОТ! Како исхраната влијае на нашата интелигенција!

Истражувањата покажуваат дека хранливите состојки во храната имаат значајно позитивно влијание на работата на мозокот. Проблемите со размислувањето и концентрацијата најчесто се јавуваат при таканаречен оксидативен стрес, пишува „Fox news“. За поголема продуктивност и...