Направете вкусни солени стапчиња за појадок или мезе.
Состојки:
- 3 маргарини
- 1 кисела павлака
- 1 шолја млеко
- пола квасец
- 3 јајца
- 1 лажица сол
- 1 кг. брашно
- сусам
Подготовка:
Се мати маргаринот со павлака и млеко, јајца и сол, па се додава постепено брашно.
Се става квасец и се мати да се добие тесто.
Се развлекува и се става сусам.
Се сечат стапчиња, се редат на плех и се печат на 200 степени 30 минути.
Добар апетит!