Секоја градина или балкон мора да има босилек, рузмарин и магдонос

Апр 21, 2019 | Совети

Цвеќето не мора да биде единствениот украс на вашата градина или тераса.

Дајте им предност на зачинските билки, а особено водете сметка овие три билки секогаш да ви бидат на дофат рака.

БОСИЛЕК

Босилекот се поврзува со разни култови и верувања.

Римјаните го поистоветувале со љубовта и верноста, па се верувало дека мажот засекогаш ќе ја засака жената ако од неа прими гранче босилек. Во народната медицина се користи за лекување на бројни болести: дијабетес, астма, импотенција, бубрежни каменчиња, неплодност и алергии.

Босилекот е познат по фактот дека поседува многу силни антиоксидативни својства (дури 61.000 единици).

Тој исто така е богат извор на витаминот Б6 и магнезиум.

Поволно влијае врз јакнењето на имунитетот, а свежите листови имаат антибактериски и антисептички својства, па можат да се користат за лекување на инфекции.

Може да се користи локално: листови од босилек ставени на рана спречуваат бактериски инфекции.

-силен антиоксиданс

-има антибактериски својства

-го јакне имунолошкиот систем

-спречува оксидација на холестерол

-го штити срцето и крвните садови

-помага во борба против инфекции

-намалува артритисчни воспаленија

Одгедување: за да го одгледате босилекот потребно е сонце, добра дренажа и редовно полевање.

Пред крај на февруари и почетокот на март, босилекот се сее во тегли.

Потребна му е топлина за да никне и тоа до 15 степени. Се расадува во мај и може да се одгледува во посебни тегли или директно во градината. Многумина ја користат како декоративна билка, поради својот мирис – го разубавува секој двор.

Во кујна

Босилекот се додава пред крајот на готвењето за да го сочува вкусот и својствата.

Секогаш бирајте го свежиот босилек пред сувиот.

Од свежо сечкан босилек, лук и маслиново масло се приготвува одличен сос кој се послужува со тестенини, ориз и брускети.

Пригответе освежувачки чај од босилек: исечканите листови прелијте ги со врела вода, оставете поклопено 8 минути а потоа процедете.

РУЗМАРИН

Рузмаринот е грмушеста билка која потекнува од медитеранските краишта, но денес се одгледува ширум светот.

Неговото име значи морска роса и низ историјата бил омилена билка.

Оште многу одамна се користел како зачин и како лек, биле познати неговите лековити својства, дека го подобрува памтењето, па студентите уште тоа време го ставале на главата. Се користел за украсување при разни свечености, а и облеката ја кителе со гранчиња рузмарин.

Рузмаринот и рузмариновото масло ги лечат речиси сите болести: се користи како аналгетик, опушта и смирува, претставува одлична храна за мозокот (стимулира креативност и продуктивност), се користи против умор и стрес, поттикнува циркулација.

Одгледување

Се размножува со гранчиња. Потребно му е сонце, добра дренажа и редовно полевање,

многу сака топлина, но ќе преживее и остри зими. Редовно поткаструвајте го и уживајте во неговиот прекрасен цвет.

Рузмариново вино

Виното се добива така што младите гранчиња се прелеваат со бело вино, а по неколку дена се процедува.

Ова вино го стимулира мозокот и нервниот систем, ја подобрува циркулацијата и работата на бубрезите, а добар е и за главоболки.

Чај од рузмарин

Младите ливчиња, листови и цвет се користат за приготвување на чај, кој е добар лек за грчеви во желудник, настинки, нервни болести и главоболки.

Унгарска водичка

Врвови од рузмарин се потопуваат во алкохол, смесата отстојува четири дена а потоа се процедува: се користи за лекување на гихт во раце и нозе со втривање во кожата.

Во кујна

Рузмаринот се користи при готвењето како зачин, особено во медитеранската кујна.

Во мали количини е одличен зачин за месо, супи и меки сирења. За да прими арома, при готвењето се става гранче рузмарин а потоа се вади. Со рузмарин може да се ароматизираат масла и оцети.

МАГДОНОС

Едно гранче магдонос е повеќе од зачин во вашата чинија.

Тоа е најпопуларниот зачин кој може да се пронајде во речиси секој супермаркет во текот на целата година (секако, најдобар е тој од вашата градина).

Има деликатесен и освежителен вкус со прекрасна зелена боја со што претставува незаменлив како зачин и украс на сите јадења.

Магдоносот содржи две групи соединенија кои се многу важни за здравјето.

Првата група состојки содржат природни етерични масла, а втората флавоноиди.

Покрај тоа претставува и одличен извор на витамини Ц, А и К. Етеричните масла штитат од рак, особено од рак на бели дробови, а флавоноидите дејствуваат како антиоксиданти, врзувајќи се за слободните радикали и на тој начин го спречуваат нивното штетно дејство.

Добар извор е на фолна киселина која има важна улога за здравјето на кардиоваскуларен систем.

Одгледување

Се сее на почетокот од есента или рано напролет. Коренот е доста цврст и поради тоа одгледувањето е многу лесно.

Треба редовно да се полева.

Консумација

Магдоносот е најдобро да се консумира во свежа состојба, со салати. Свежиот магдонос е подобар од сувиот.

Испрскајте го со вода и затворете го во кесичка, па чувајте го во фрижидер за подолг рок. Можете и да го замрзнете, ќе го сочува вкусот но ќе ја изгуби крцкавоста.

Користете го во почесто бидејќи одговара со речиси сите јадења.

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...