Рецепт од читателка: Ѕвездички со кашкавал

Мар 31, 2019 | Пити и тесто

Овој рецепт ни го испрати Русинка Јаковлеска од Битола.

Состојки:

  • 300 g брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 2 лажички сенф во прав
  • 150 g маргарин, на коцки
  • 150 g рендан кашкавал
  • 1 јајце
  • млеко за премачкување
  • сусам за посипување

Подготовка:

Помешајте ги брашното, прашокот за пециво и сенфот.

Додајте ги коцките маргарин и со вилушка или со прсти измешајте го сето тоа, да се добијат зрнца.

Додадете го кашкавалот, промешајте, додајте го јајцето и 4-5 лажици ладна вода и измесете го тестото.

Пренесете го тестото на побрашнета маса, исукајте го на дебелина од околу 8 mm и со помош на калап исечете форми на ѕвезди (или некои други).

Наредете ги ѕвездите во тавче на хартија за печење, премачкајте ги со млеко, посипете ги со сусам и печете ги во загреана рерна на 200°C, 10-12 минути или додека не се заруменат.
Добар апетит!

Рецепт за домашен багет кој ќе ве воодушеви: Крцкав однадвор, неодоливо мек одвнатре – Повкусен од купечкиот во продавница

Рецепт за домашен багет кој ќе ве воодушеви: Крцкав однадвор, неодоливо мек одвнатре – Повкусен од купечкиот во продавница

Ќе сакате да го правите секој ден. Вистинскиот македонски појадок е незамислив без парче леб или некој друг производ од тесто како пецива, пити и слично. Ќе сакате да го правите секој ден. Вистинскиот македонски појадок е незамислив без парче леб или некој друг...

Крцкави и вкусни ролни полни со зеленчук

Крцкави и вкусни ролни полни со зеленчук

За да го направите овој вкусен, интересен и пред се здрав оброк, потребни ви се само неколку состојки кои сигурно ги имате дома. За да го направите овој вкусен, интересен и пред се здрав оброк, потребни ви се само неколку состојки кои сигурно ги имате дома. Состојки:...

Без кори, ги мешате сите состојки и ја ставате во плех: Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва

Без кори, ги мешате сите состојки и ја ставате во плех: Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва

Доколку сакате брзи, солени пикантерии тогаш овој рецепт ќе ве купи на прво залче. Кога станува збор за пикантериите во омилените се вбројуваат питата, мафините, кифличките, но и шпанската пита за која многумина велат дека е совршен спој на најубавите состојки....

Без квасец и јајца, готови за 15 минути: Рецепт за домашни КРОФНИ кои се топат во устата

Без квасец и јајца, готови за 15 минути: Рецепт за домашни КРОФНИ кои се топат во устата

Ако размислувате со што да се почестите по напорен ден на работа, имаме идеја. Овие домашни крофни имаат вкус исто како оние од пекарницата, а одличната работа е што можете да ги направите дома за само 15 минути. Една мерка ќе направи 35 крофни, па размислете веднаш...