Природен лек за чистење на никотинот од организмот

Фев 22, 2019 | Совети

Кога ќе испушите цигара, никотинот циркулира во крвта во просек од 6- 8 часа. Најголемиот дел од никотинот се елиминира со урина, но потребни се 48- 72 часа за да се исфрли преостанатиот никотин од вашето тело.

Во тој процес можат да помогнат водата, одредени видови на овошје и зеленчук, особено оние кои содржат витамин Ц. Тоа е најпознатиот витамин за исфрлање на никотинот од крвотокот, бидејќи го подобрува метаболизамот и ги создава белите крвни зрнца, но пушачите треба да внесуваат значително поголема доза од овој витамин отколку непушачите, до 2000 милиграми.

Што е најдобро за исфрлање на никотинот од организамот:

Вода – никотинот го дехидрира телото, па затоа поголемиот внес на вода е неопходен бидејќи помага телото да го исфрли никотинот.

Коприва – оваа билка е богата со железо и многу корисна за дезинфекција и одлична во борбата против инфекциите.

Зеленчук – конзумирањето на поголема количина целер, тиквици, грав и краставица може да придонесе во намалување на никотинската зависност. Не јадете многу сладок зеленчук, бидејќи прекумерната количина глукоза го активира делот од мозокот одговорен за уживање и задоволство.

Портокал – содржи високо ниво на витамин Ц, па придонесува никотинот брзо да се исфрли од телото на пушачите.

Сок од морков – сокот од морков содржи витамини А, Б, Ц и К кои помагаат никотинот да се елиминира од телото. Никотинот исто така и штети на кожата, а сокот од морков има многу витамини кои се добри за кожата.

Брокули – содржат високо ниво на витамини Б5 и Ц. Тие содржат и супстанца која ги штити белите дробови од оштетувањата предизвикани од никотинот.

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...