Состојки:
- 1/2 коцка квасец
- 1дл млако млеко
- 1 лажиче шеќер
- 1/2 дл масло
- 1кг наменско брашно
- 1 јајце
- 30гр сол
- 3 дл кисела вода
Фил:
- 200гр шунка
- 400гр кисела павлака
- 400гр кашкавал
- 200гр бело сирење
- 200гр кечап,
- сенф,
- оригано или босилек
Подготовка:
Измешајте го квасецот во млекото и додадете едно лажиче шеќер.
На побрашнета површина ставете брашно и сол и направете вдлабнатинка па додадете го млекото со квасецот.
Промешајте, па додадете го јајцето, маслото и киселата вода.
Замесете тесто, ниту меко, ниту тврдо.
Измесеното тесто ставете го во поголема кеса, подмачкана од внатрешната страна (за да не се залепи)
и оставете го на собна температура се додека не достигне три пати поголем волумен.
Тогаш поделете го на три дела , премесете го уште еднаш секој дел и развлечете го со димензии 15×25см.
На средината ставете две парчиња шунка, па врз шунката павлака, па рендан кашакавал и рендано сирење.
Додадете кечап, сенф, рен и зачини по желба. Поклопете го тестото по долгата страна, потоа споете го со краевите и поклопете го од другата страна.
Врз пирошката изрендајте кашакавал и ставете малку кечап. Печете на 200 степени околу 15 минути.
Добар апетит!