Празник за око – Зелена погача (фото инструкции)

Мар 25, 2019 | Пити и тесто

Состојки:
Тесто:

  • 600 гр брашно
  • 3 лажички масло
  • Сол по желба
  • 2 лажици квасец
  • 200 мл млеко
  • 100 мл вода
  • Фил:
  • Спанаќ
  • Младо сирење
  • Сол
  • Масло

Премачкување:

  • 1 жолчка
  • 1 лажица масло

Подготовка:

Замесете го тестото. Покријте го и оставете го да нарасне. Премесете го уште еднаш и повторно оставете да нарасне.

Премесете и поделете го тестото на два дела па фино обликувајте го.

Оставете го тестото и подгответе го филот.

Измијте го спанаќот и исечкајте го. Додадете го сирењето, малу сол и маслото па измешајте.

Размесете го тестото колку големината на плехот во кој ќе ја печете питата.

Префрлете го тестото во намрсениот плех за печење па преку него нанесете го филот.

(филот можете да го ставите на средина а околу рабовите да распоредите само еден дел . Делот помеѓу оставете го празен )

Развлечете го вториот дел од тестото и покријте го со филот.

Доколку филот сте го распоредиле во средината, кога ќе го прекриете тестото со второто тесто, на средината ставете сад.

Стиснете ги врвовите да не излегува филот и засечете со нож, па секој отсечен дел свтрете го нагоре.

Премачкајте со изматената жолчка и маслото и ставете го да се пече.

Откако е испечена погачата премачкајте ја со путер и покријте ја со влажна крпа.

Добар апетит!

 

 

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Палачинките се еден од оние десерти кои би можеле да ги јадеме секој ден и не би се пожалиле дека често се на „менито“. Доколку и самите ги сакате, можеби е време да ги смените класичните и да пробате поздрава верзија во која ќе уживате без каење. Состојки: 1 морков...

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Се прави за еден час, а во неговата свежина можете да уживате до 7 дена, доколку можете да одолеете да не го јадете.Ако сте се здебелиле во текот на зимата и сега барате начин да го намалите внесот на калории, ќе започнете со елиминирање на белото брашно. Се прави за...

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Палачинките се старомоден деликатес кој се прави од состојки кои секоја домаќинка ги има дома. Може да бидат солени, слатки, пржени… Доколку сакате да ги јадете, ви носиме евтин рецепт за кој се потребни само три состојки. Палачинките се прават без брашно, млеко,...

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Состојки: 500...