Понеделник за многумина е најстресниот ден во неделата: Еве кои намирници ќе ви го подобрат расположението

Авг 26, 2019 | Совети

Ви се чини дека во последно време сè почесто ја губите битката со стресот, а можете да го ублажите и на природен и вкусен начин.
Во тоа, пред сè, можат да ви помогнат следните пет намирници.

Портокал
Ако во последно време сте често под стрес, почестете се со портокал.
Агрумите како портокалите и мандарините содржат висока количина на витамин Ц, кој се покажал како корисен во борбата против стресот. Зголеменото ниво на витамин Ц може да го намали нивото на кортизол (хормонот на стрес), како и вашиот крвен притисок кој може да се зголеми во текот на подолгите стресни ситуации.
Бадеми и други јаткасти плодови
Бадемите, ф’стаците и оревите се богати со омега-3 масни киселини кои го намалуваат нивото на стрес и истовремено ве штитат од депресија.
Овесна каша
Не само што е секогаш добар избор кога сакате здрав појадок кој ќе ве засити, туку овесната каша и го намалува нивото на хормонот на стресот во вашиот организам.

Внесот на овесна каша исто така може да го зголеми нивото на серотонин, хормон кој ја има главната улога во ситуациите кога се чувствуваме среќно и задоволно.
Темнa чоколадa
Освен што е одличен деликатес, чоколадата може да направи чуда кога е во прашање вашето расположение.
Темната чоколада го ублажува стресот и кај лицата кои страдаат од анксиозност.

Чај од камилица
Ако сите горенаведени намирници сè уште не се доволни за да се ослободите од стресот, пробајте да ги „залеете“ со шолја топол чај од камилица. Оваа топла напивка има својства кои ќе го ублажат стресот и ќе ве смири во текот на нервозните ситуации.

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...

Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани

Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0.7, а цените на мало за 1.4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13.0, а цените на мало од 10.1 проценти, соопшти Државниот завод за...

ХРАНА ЗА МОЗОКОТ! Како исхраната влијае на нашата интелигенција!

ХРАНА ЗА МОЗОКОТ! Како исхраната влијае на нашата интелигенција!

Истражувањата покажуваат дека хранливите состојки во храната имаат значајно позитивно влијание на работата на мозокот. Проблемите со размислувањето и концентрацијата најчесто се јавуваат при таканаречен оксидативен стрес, пишува „Fox news“. За поголема продуктивност и...