Погачици со чварки

Јан 17, 2019 | Пити и тесто

Време е на чварки, па зошто не би ги направиле овие вкусни погачици со чварки и свинска маст …

Потребно е:

  • 1 кг брашно
  • 2 јајца
  • 200 мл кисела павлака
  • 400 мл млеко
  • 1 свеж квасец
  • сол
  • шеќер
  • 40-50 гр мелени чварки
  • свинска маст по потреба (1-2 лажици)

Подготовка:
Сомелете ги чварките и додадете сол и бибер по вкус и 1 лажица свинска маст. Измешајте убаво. Смесата треба да биде кремаста, па потреба додадете уште малку маст.

Во малку млако млеко измешајте го квасецот и додадете 1 лажиче шеќер, 1 лажиче брашно и малку измешајте. Ставете го на топло за да стаса квасецот.

Кога ќе стаса квасецот додадете го во брашното. Замесете тесто и постепено додавајте го млекото, солта, јајцата и киселата павлака. Измесеното тесто оставете го да стои на топло додека не нарасне убаво.

Стасаното тесто развлечете го на набрашнета работна површина во форма на правоаголник. Сега тестото премачкајте го со смесата од чварки и благо притиснете ги со раце.

Сега преклопете го тестото како на сликата.

Левата страна на тестото преклопете ја до средината, а десната страна преку левата.

Горната страна преклопете ја до средината, а долната преку неа.

Оставете го да стои на топло и потоа повторно размесете го и повторно преклопувајте (барем три пати, во зависност од времето кое го имате на располагање).

На крај развлечете го тестото со дебелина од еден прст и со чаша вадете погачици. Ставете ги на топло уште малку да отстојат.

Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути. Можете да ги премачкате одозгора со разматено јајце.

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Палачинките се еден од оние десерти кои би можеле да ги јадеме секој ден и не би се пожалиле дека често се на „менито“. Доколку и самите ги сакате, можеби е време да ги смените класичните и да пробате поздрава верзија во која ќе уживате без каење. Состојки: 1 морков...

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Се прави за еден час, а во неговата свежина можете да уживате до 7 дена, доколку можете да одолеете да не го јадете.Ако сте се здебелиле во текот на зимата и сега барате начин да го намалите внесот на калории, ќе започнете со елиминирање на белото брашно. Се прави за...

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Палачинките се старомоден деликатес кој се прави од состојки кои секоја домаќинка ги има дома. Може да бидат солени, слатки, пржени… Доколку сакате да ги јадете, ви носиме евтин рецепт за кој се потребни само три состојки. Палачинките се прават без брашно, млеко,...

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Состојки: 500...