Пита со мелено месо и ајвар- одличен рецепт за Божиќ

Јан 4, 2019 | Пити и тесто

Додека уште имате од домашниот ајвар направете ја оваа превкусна пита со мелено месо и ајвар.

Потребно е:

  • 1 пакување готови кори за пита (9 кори)
  • 500 гр мелено месо
  • 350 гр ајвар
  • 4 јајца
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • масло
  • мелен сув зачин
  • сол, бибер

Подготовка:
Кромидот ситно исецкајте го и испржете го на малку масло. Додадете го меленото месо и продолжете со пржењето.

Кога ќе се испржи месото додадете го ситно сецканиот лук и зачинете со сол, мелен сув зачин и малку бибер.

Тргнете ја тавата на страна и додадете го ајварот. Убаво измешајте.

Тавата од рерна убаво намастете ја и доле ставете 3 кори. Секоја кора испрскајте ја со малку масло.

На третата кора ставете 1/2 од филот со месо и ајвар.

Ставете повторно уште три кори и потоа остатокот од филот. На крај завршете со преостанатите три кори.

И последната кора испрскајте ја со масло и на повеќе места избодете ја со вилушка. Исечете ја питата на коцки.

Во еден сад изматете ги јајцата со киселата павлака. Со оваа смеса прелијте ја питата.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.

Послужете ја со кисела павлака.

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Палачинките се еден од оние десерти кои би можеле да ги јадеме секој ден и не би се пожалиле дека често се на „менито“. Доколку и самите ги сакате, можеби е време да ги смените класичните и да пробате поздрава верзија во која ќе уживате без каење. Состојки: 1 морков...

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Се прави за еден час, а во неговата свежина можете да уживате до 7 дена, доколку можете да одолеете да не го јадете.Ако сте се здебелиле во текот на зимата и сега барате начин да го намалите внесот на калории, ќе започнете со елиминирање на белото брашно. Се прави за...

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Палачинките се старомоден деликатес кој се прави од состојки кои секоја домаќинка ги има дома. Може да бидат солени, слатки, пржени… Доколку сакате да ги јадете, ви носиме евтин рецепт за кој се потребни само три состојки. Палачинките се прават без брашно, млеко,...

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Состојки: 500...