Пирошки од компир по лесен рецепт

Мар 6, 2018 | Пити и тесто

Направете вкусни пирошки со компир, кои совршено ги заменуваат оние со месо или сирење и шират супер арома.Ова е рецептот за вкусниот појадок готов за 40 минути.

СОСТОЈКИ:

300 гр. варен компи

100 гр. растопен маргарин

600 гр. брашно

2 јајца

200 мл. млеко

1 лажиче шеќер

½ коцка квасец

1 лажиче сол

ФИЛ:

2-3 лажици кајмак

100 гр. шунка

оригано

кечап

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирот се мие и лупи, па се вари во солена вода, а додека се вари се растопува квасец со млако млеко и шеќер и брашно. Се остава да надојде.
Се пасира варениот компир, му се додава маргаринот, се прави пире, се додава надојдениот квасец со сите намирници за тесто, па се меси тесто кое не треба да се лепи за раце.

Се прави кора, се сечат квадрати и се филуваат. Се става кечап, оригано, кајмак и сечена шунка.
Се прават пирошки или ролнички, внимателно се затвараат за да не истече филот.

Се пржат на врело масло. Не ви треба многу бидејќи не впиваат многу маснотија.
Потоа, се цедат на салфета.
Послужете со јогурт, кајмак или павлака.

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Палачинките се еден од оние десерти кои би можеле да ги јадеме секој ден и не би се пожалиле дека често се на „менито“. Доколку и самите ги сакате, можеби е време да ги смените класичните и да пробате поздрава верзија во која ќе уживате без каење. Состојки: 1 морков...

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Се прави за еден час, а во неговата свежина можете да уживате до 7 дена, доколку можете да одолеете да не го јадете.Ако сте се здебелиле во текот на зимата и сега барате начин да го намалите внесот на калории, ќе започнете со елиминирање на белото брашно. Се прави за...

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Палачинките се старомоден деликатес кој се прави од состојки кои секоја домаќинка ги има дома. Може да бидат солени, слатки, пржени… Доколку сакате да ги јадете, ви носиме евтин рецепт за кој се потребни само три состојки. Палачинките се прават без брашно, млеко,...

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Кралицата на сите пити се прави од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна, едноставно совршена

Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Ова е совршена идеја за вечера, па и доколку не сте вешти во правењето пити, овој рецепт од вас ќе направи да бидете експерт. Состојки: 500...