Печени сарми во павлака

Јан 7, 2019 | Свинско месо

Малку поинаква подготовка на сарма од кисела зелка.

Потребно е:
1,5 кг мелено месо
250 гр чадена сланина
200 гр ориз
2 главици кромид
20-30 листови кисела зелка
1,5 кг кисела зелка сецкана на ленти
1,5 л павлака за готвење
1,5 лажиче сол
1 лажиче бибер
2 лажичиња мелена црвена пиперка
100 гр свинска маст

Подготовка:
– Оризот убаво измијте го и сварете го но не сосема во повеќе вода. Исцедете го, измијте го со ладна вода и оставете убаво да се исцеди.

– На маст испржете го дитно сецканиот кромид.

– Месото измешајте го со исцедениот ориз, додадете ги испржениот кромид, сол, бибер и мелена црвена пиперка. Убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– На секој лист од зелка ставете од смесата со месо и замотајте го листот како сарма.

– Сланината исечете ја на тенки ленти и наредете ги на дното на подлабока тава за печење со капак.

– На сланината распоредете половина од сецканата зелка, а над наредете ги сармите. Одозгора полијте со околу 600 мл павлака за готвење.

– Сега повторно ставете еден ред сецкана зелка и посипете со преостанатата павлака.

– Поклопете ја тавата со капак и ставете ја во ладна рерна. Вклучете ја рерната на 220 целзиусови степени. Сармата печете ја околу 3 часа, од кои последниот половина час печете ја непокриена за да се запечат.

Ручек за вистински гурмани: Свински медаљони во сос од печурки

Ручек за вистински гурмани: Свински медаљони во сос од печурки

Предлог што да зготвите за денешниот ручек. Потребни состојки: 800 г свинско месо Рузмарин 1 чешне лук Сол и бибер 2 лажици маслиново масло Морска сол Главица кромид 2 лажици масло 250 г шампињони 200 мл неутрална павлака Начин на подготовка: Измијте го месото и...

Само за вистински гурмани – ребра во сладок сос со компири

Само за вистински гурмани – ребра во сладок сос со компири

Состојки: 2 кг свински ребра 6 чешниња лук свеж ѓумбир, излупен и сечкан дробени суви лути пиперчиња (по вкус) 6 ѕвездички анасон 6 лажички мед 150 мл соја сос 2 – 3 лажици оцет 200 мл бело вино 6 млади кромидчиња 400 мл вода во која претходно ќе растворите...

Мексикански плескавици

Мексикански плескавици

Состојки: 500 г мешано мелено месо 2 главици кромид 70 г рендан кашкавал 150 мл кечап 30 г тортиља чипс 1 лажица сенф 1 чешне лук, ситно исечкан или истолчен бибер Подготовка: Измешајте ги меленото месо, ситно сечканиот кромид, кечапот, издробениот чипс, сенфот, лукот...