Ручек за вистински гурмани: Свински медаљони во сос од печурки

by | Ное 6, 2020 | Свинско месо

Предлог што да зготвите за денешниот ручек.

Потребни состојки:

  • 800 г свинско месо
  • Рузмарин
  • 1 чешне лук
  • Сол и бибер
  • 2 лажици маслиново масло
  • Морска сол
  • Главица кромид
  • 2 лажици масло
  • 250 г шампињони
  • 200 мл неутрална павлака

Начин на подготовка:

Измијте го месото и исечете го на 12 парчиња. Исечкајте го лукот и ставете го врз месото, а потоа посолете, додајте бибер, премачкајте со масло и на секое парче ставете рузмарин. Оставете го да отстои во фрижидер околу 60 минути. Пржете ги медаљоните во тава 2-3 минути и од двете страни, извадете ги и замотајте во фолија.

Исечкајте го кромидот и пропржете го во тава. Исечкајте ги печурките и додајте ги во тавата со кромид. Додајте павлака и посолете. Сервирајте ги медаљоните со сосот од печурки, а по желба и со варени компири.