Ова најчесто го пиеме: Руски лекар откри кој алкохол е најштетен за човекот

Фев 6, 2020 | Совети

Рускиот лекар Данил Покровски смета дека пивото е најштетно за здравјето на луѓето, додека сувото црвено вино е најмалку штетен алкохолен пијалок.

Покровски смета дека пивото е најопасниот алкохолен пијалок што предизвикува најголема штета на здравјето на луѓето, и треба да се забрани.
-Алкохолот е најмалку штетна состојка во пивото. Другите компоненти кои му даваат вкус на пивото, бојата, пената се многу штетни за здравјето на луѓето, вклучувајќи ги и оние супстанции што содржат кобалт, објасни рускиот експерт.
Тој посочи дека супстанцијата е кардиотоксична и дека дозволената дневна доза била содржана во 375 милилитри пиво.
-Металите што содржат пиво предизвикуваат кардиопатија, маснотии околу срцето, а патологијата е често придружена со смрт на заболено лице, посочува Покровски.

Лекарот го наведе примерот на средновековните уметници кои работеле со боја базирана на кобалт. Наводно, ниту еден од нив не доживеал старост поради токсичноста на металот.

Исто така, истакна дека љубителите на пиво можат да бидат отруени и со кобалт.

Покровски додаде дека најмалку штетен алкохолен пијалок е сувото црвено вино, бидејќи е особено богато со витамини, елементи во трагови и антиоксиданти.
Извор: kurir.mk

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...