Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.Во тавче загрејте масло на средна температура, додадете мелено месо, ким, мајчина душичка и бибер и издинстајте го месото.
Потоа измешајте ја варената пченка и посолете по желба. Вишокот од масло исцедете го.
На секоја тортиља исцртајте 4 големи кругови со дијаметар од 10 см. и потоа внимателно сечете.
Распоредете ги парчињата на решетката за скара и печете 7-8 минути додека не заруменат. Печените тортиљи наполнете ги со рендан кашкавал и месото.
Зачинете со павлака и сецкан магдонос и посолете. Наместо месо, можете да пробате и со свежи печурки.
Состојки за 4 лица:
- 500 г. мелено месо
- 100 г. варена пченка
- 3 големи тортиљи
- 200 г. рендан кашкавал
- 1 дл. павлака
- 2 лажици сецкан магдонос
- пола лажичка ким
- пола лажичка мајчина душичка
- 4 лажици масло
- сол и бибер.
Добар апетит!