Конечно решена дилемата: Дали да јадете путер или маргарин?

Мај 31, 2019 | Совети

Две намирници кои секојдневно се наоѓаат во употребата на многу домаќинства секако се путер и маргарин, а во последните неколку години актуелна е темата за влијанието кои и двете го имаат на здравјето, па со самото тоа потребно е да се разјасни која од овие две намирници и поради што е подобра за нашиот организам.

Една од најважните разлики помеѓу маргаринот и путерот е потеклото на овие намирници, па така маргаринот настанува со индустрискиот процес на хидрогенизација на растителни масла, додека путерот е млечен производ кој се произведува по природен пат, како и кајмакот и сирењето. Од оваа причина, многу е подобро за себе и своето семејство да послужите путер кој се консумира илјадници години назад.

Покрај тоа, путерот содржи витамини А и Е, како и селен, кој е од големо значење во борбата против габичните инфекции. Важно е да знаете дека некои маргарини се збогатени со витамини, но дека тие подоцна се додаваат во процесот на производство, што е далеку понеповолна ситуација од оние во кои витамините се природно застапени во некои производи, како што е случајот со путерот.

Бидејќи содржи арахидонска киселина, холестерол кој путерот во себе го има е од суштинско значење за развојот на мозокот и нервниот систем на децата, а има и важна улога во функцијата на мозокот. Важна карактеристика на путерот е тоа што многу подобро реагира на високи температури и подобро се однесува при загревање од маргаринот, така да неговата употреба на овој начин никако не се препорачува.

Многу студии кои се спроведени и кои се почесто се повторуваат во Америка, покажуваат дека внесувањето на хидрогенизирани масти кои се присутни во маргаринот, предизвикуваат рак, додека од другата страна путерот кој е богат со линолеинска киселина спречува ваков вид на болести.

Важно е да се знае дека транс мастите и заситените масти не се исто, а денес секој маргарин има барем мала количина на транс масти, кои настануваат така што течното масло целосно се хидрогенизира и со тоа добивате заситени масти, па сето тоа подоцна се меша со рафинирано течно масло, што значи дека маргарините се вештачки направени од заситени масти.

Ова сознание нè враќа на почетокот на приказната, односно дека треба да разбереме дека многу поздраво е да се одлучите за природни масти кои путерот во себе ги има.

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...