Комбинацијата од овие два зачини може да ви го спаси животот

Јан 30, 2019 | Совети

Научните истражувања покажале дека комбинацијата на овие два зачини има исклучителни лековити дејства.

Куркумата е зачин кој има многу корисен ефект врз организмот. Меѓутоа, телото не може во целост да ги апсорбира сите хранливи материи бидејќи многу брзо се разградува во цревата и црниот дроб. Поради тоа, куркумата би требало да се конзумира во комбинација со бибер.

Имено, црниот бибер значително ја зголемува апсорбацијата на хранливите материи од куркумата.

Според резултатите од студијата која ја спровеле научници од Универзитетот во Мичиген, оваа мешавина може да делува и превентивно на појавата на рак на дојката.

Помага во процесот на слабеење

Комбинацијата на куркума и бибер е многу ефикасна во процесот на слабеење. Биберот содржи супстанција наречена пиперин, која го забрзува метаболизмот и го зголемува бројот на согорени калории. Некои студии покажале дека биберот може да го продолжи чувството на ситост и со тоа да го намали прекумерниот внес на калории.

Го намалува воспалението и ги ублажува болките

Две активни состојки во овие зачини, кркуминот и пиперинот, имаат ефект на ублажување на болките и намалување на воспаленијата во организмот.

Ги намалува симптомите на депресија

Овие два зачини содржат супстанции кои во мозокот го зголемуваат нивото на допамин и серотонин, хормонот на среќа.

Штити од рак

Истражувањата покажале дека пиперинот кој се наоѓа во биберот може да ја зголеми апсорцијата на куркума дури 1000 пати. Со оглед на тоа што куркумата е одличен зачин, кога станува збор за превенција на канцер, тоа е уште една причина за да јаконзумирате комбинацијата на куркума и бибер.

Биберот и куркумата можете заедно да ги додадете во пијалоци, салати и други јадења. Исто така, можете да измешате и половина лажичка куркума и ¼ лажичка бибер и да ги испиете со малку вода. Оваа комбинација конзумирајте ја два пати дневно, наутро и навечер.

Пред употреба на природни лекари, консултирајте се со својот лекар

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...