Кои намирници се јадат на празен желудник?

Мар 3, 2018 | Совети

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот и не треба никако да се прескокнува

ознато е дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот и дека не треба никако да се прескокнува. Со појадокот ги внесуваме првите калории во нашиот организам, кои треба да содржат што повеќе хранливи материи.

Како да го постигнеме тоа? Најдобар начин е да се погрижите вашиот оброк да биде направен од здрави и квалитетни состојки. Притоа треба да знаете кои намирници можат да се јадат на празен желудник, а кои не.

Јајца

Јадете јајца за појадок! Тие се богати со протеини и други хранливи материи кои ќе му обезбедат доволно енергија на вашиот метаболизам. Покрај тоа, јајцата помагаат во намалување на дневниот внес на калории и се одличен почеток за денот.

Овесна каша

Ако сакате да го започнете денот со топол оброк за кој вашите црева ќе ви бидат благодарни, овесната каша е најдобриот избор. Богата е со влакна кои помагаат против висок холестерол и шеќер во крвта. Овој оброк често им се препорачува на дијабетичарите.

Боровинки

Делуваат позитивно врз крвниот притисок и меморијата. Содржат антиоксиданти кои се корисни за варењето и против воспаленија.

Каша од пченкарно брашно

Доколку имате дигестивни проблеми, овој оброк е идеален за вас. Поради своите пробиотски својства пченкарната каша помага за здрава цревна флора и е идеална за детоксикација на организмот.

Хељда

На лицата кои страдаат од анемија им се препорачува да јадат оброци со хељда, бидејќи содржи многу минерали и протеини кои помагаат во борбата против недостаток на железо. Покрај тоа, хељдата е житарка која не содржи глутен.

Јаткасти плодови

Луѓето кои се борат со зголемена секреција на желудочната киселина, претпочитаат храна која им помага при несоодветна pH-вредност на желудникот. Јаткастите плодови се добар избор во овие случаи, особено оревите, кои содржат омега-3 масни киселини и високо ниво на антиоксиданти.

 

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...

Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани

Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0.7, а цените на мало за 1.4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13.0, а цените на мало од 10.1 проценти, соопшти Државниот завод за...

ХРАНА ЗА МОЗОКОТ! Како исхраната влијае на нашата интелигенција!

ХРАНА ЗА МОЗОКОТ! Како исхраната влијае на нашата интелигенција!

Истражувањата покажуваат дека хранливите состојки во храната имаат значајно позитивно влијание на работата на мозокот. Проблемите со размислувањето и концентрацијата најчесто се јавуваат при таканаречен оксидативен стрес, пишува „Fox news“. За поголема продуктивност и...