Храна која ќе ви ја „убие“ желбата за цигари

Јул 29, 2019 | Совети

Земањето додатоци со потекло од рибино масло, во форма на омега-3 масни киселини,

може да ви помогне да ги оставите цигарите.

Едно истражување на израелски научници, кои во текот на експериментот на пушачите им ги давале

омега-3 масни киселини, покажало дека пушачите кои учествувале во него, во просек пушеле 10 отсто помалку цигари,

додека оние кои во тој момент, престанувале со пушење, чувствувале помала желба да пушат.

Научниците, потоа, вистинскиот ефект на омега-3 киселини го споредиле со групата на која и давале плацебо,

а во која испитаниците не го намалиле бројот на испушени цигари дневно.

Недостатокот на омега-3 масни киселини, инаку, е чест кај хроничните пушачи.

Тоа доведува до оштетување на нервните клетки и врската помеѓу нервите во делот од мозокот одговорен за контролирање на желбите,

а тоа објаснува зошто овие додатоци можат да влијаат на намалување на потребата за цигари.

Докторката Шарон Рабиновиц Шенкар, од Универзитетот во Хаифа, вели дека резултатите

од истражувањето покажале дека омега-3 масните киселини се добар сојузник во оставањето цигарите,

бидејќи за разлика од многу други лекови не предизвикуваат несакани ефекти.

Затоа, на оние кои се обидуваат да престанат со пушењето, им се препорачува да јадат храна,

која ги содржи овие киселини, како скуша, сардини, лосос, ореви, сончоглед и маслиново масло.

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста...

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

ВНИМАВАЈТЕ СО СОЛТА: Зголемениот внес е опасност за развој на атеросклероза и кај луѓе со нормален крвен притисок

Зголемениот внес на сол во телото е значаен фактор на опасност за развој на атеросклероза, дури и кај луѓе со нормален крвен притисок, посочува ново истражување спроведено во Шведска. Солта е штетна и пред развој на висок крвен притисок, вели написот објавен во...