На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги печурките и продолжете да динстате уште 5 минути.
Ви треба:
- 250 гр свежи печурки
- 50 брашно
- 1 чаша кисела павлака
- 1 главица кромид
- 1 лажица масло
- лист од магдонос
- мелен пипер
- сол
Подготовка: