ОБРОК ГОТОВ ЗА 10 МИНУТИ: Направете солено пециво СО СИРЕЊЕ, останува свежо И СЛЕДНИОТ ДЕН! (РЕЦЕПТ)

by | Јул 22, 2022 | Пити и тесто

Многу едноставна подготовка.

Соленото пециво е одличен избор за појадок или вечера.

Можете дури и да го однесете на работа бидејќи останува свежо следниот ден.

Состојки:

  • 200 гр сирење
  • 1 белка од јајце
  • 1 жолчка за премачкување
  • 1 пакување готово тесто
  • сусам

Подготовка:

Расукајте го тестото. ИЗронете го сирењето и измешајте го со белката. Тестото исечете го на коцки. Во средината ставете една лажичка сирење. Поврзете ги врвовите на квадратите во средината. Во средината ставете парче исечкана маслинка и притиснете. Премачкајте со жолчка од јајце и посипете со сусам. Печете на 220 степени C 30-50 минути додека убаво не порумени.