Телешки шницли во бело вино- нашата идеја за денешниот ручек

Мар 18, 2019 | Телешко месо

Телешки шницли во бело вино

Нашата идеја за денешниот ручек …

Потребно е:

  • 500 г телешки шницли
  • 1 главица кромид, ситно исецкан
  • 3 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 лажица сенф
  • 200 мл бело вино
  • сол, бибер
  • малку вода
  • масло

Потребно е:

Сите шницли истенчете ги со дрвен чук, намачкајте ги со малку сенф, посолете, наросете со бибер и оставете ги во фрижидер да се маринираат.

Сецканиот кромид пропржете го на врело  масло. Додадете го и сецканиот лук и него малку пропржете го колку да пушти мирис.

На динстаниот кромид и лук ставете ги шницлите и продолжете со динстањето додека не фатат боја од сите страни.

Сипете го виното и малку вода и поклопете ја тавата. Оставете да се динста на средна температура додека не се згусне сосот.

Овие вкусни телешки шницли послужете ги со варен ориз или пире од компири.

ПЛЕСКАВИЦА ПОЛНЕТА СО КАШКАВАЛ! Вкусно и сочно, сигурно нема да ве разочара!

ПЛЕСКАВИЦА ПОЛНЕТА СО КАШКАВАЛ! Вкусно и сочно, сигурно нема да ве разочара!

Со мека текстура и полн вкус, овие плескавици се лесни за подготовка и се вистински хит за скара што можете да го подготвите и на грил тавче… Уживајте! Со додавање на презла, јајце, ворчестер сос, млеко и лук во прав, овој рецепт создава совршена основа за сочни...

Рецепт за турско ќофте

Рецепт за турско ќофте

Состојки: 500 гр мелено јунешко месо 2 парчиња бајат леб, без корки потопен во малку вода 1 главица кромид, изрендан 1 лажичка сушено нане 1 лажица свеж магдонос, ситно исечкан 1 главица лук, ситно исечкана 1 јајце сол и бибер брашно масло ја пржење   Подготовка:...

Ќофтиња со сирење

Ќофтиња со сирење

Состојки: 500 грама јунешко (или мешано)  мелено месо, кромид, 250 грама сирење, 1 стара кришка леб, 2 лажици сецкан магдонос, 1/2 лажица оригано, 1 јајце, масло, сол, бибер. Подготовка: Кришката леб потопете ја во малку млака вода. Сирењето исецкајте го на коцки....

Мини говедско по рецепт на Џејми Оливер

Мини говедско по рецепт на Џејми Оливер

Идејата за овој рецепт е добиена од познатиот рецепт за бифтек Велингтон. Овде наместо говедски бифтек, се користи мелено говедско месо во комбинација со мелен ким и кари прав. Наместо мелено говедско месо можете да користите свинско или пак јагнешко мелено месо, а...