Рецепт за турско ќофте

Мар 29, 2019 | Телешко месо

Состојки:

  • 500 гр мелено јунешко месо
  • 2 парчиња бајат леб, без корки потопен во малку вода
  • 1 главица кромид, изрендан
  • 1 лажичка сушено нане
  • 1 лажица свеж магдонос, ситно исечкан
  • 1 главица лук, ситно исечкана
  • 1 јајце
  • сол и бибер
  • брашно
  • масло ја пржење

 

Подготовка:

Истискајте ја водата од лебот. Во сад ставете ги сите состојки: месото, лебот, кромидот, јајцето, лукот, нането и магдоносот.

Зачинете со сол и бибер. Обликувајте ќофтиња во форма на топче.
Обликуваните ќофтиња извалкајте ги во брашно. Во тенџере за пржење ставете поголема количина масло.

Загрејте го на средна температура. Кога маслото ќе биде добро загреано, ставете ги ќофтињата да се пржат.

Ќофтињата пржете ги од максумум 10 минути со повремено вртење од сите страни.

Добар апетит!

ПЛЕСКАВИЦА ПОЛНЕТА СО КАШКАВАЛ! Вкусно и сочно, сигурно нема да ве разочара!

ПЛЕСКАВИЦА ПОЛНЕТА СО КАШКАВАЛ! Вкусно и сочно, сигурно нема да ве разочара!

Со мека текстура и полн вкус, овие плескавици се лесни за подготовка и се вистински хит за скара што можете да го подготвите и на грил тавче… Уживајте! Со додавање на презла, јајце, ворчестер сос, млеко и лук во прав, овој рецепт создава совршена основа за сочни...

Ќофтиња со сирење

Ќофтиња со сирење

Состојки: 500 грама јунешко (или мешано)  мелено месо, кромид, 250 грама сирење, 1 стара кришка леб, 2 лажици сецкан магдонос, 1/2 лажица оригано, 1 јајце, масло, сол, бибер. Подготовка: Кришката леб потопете ја во малку млака вода. Сирењето исецкајте го на коцки....

Телешки шницли во бело вино- нашата идеја за денешниот ручек

Телешки шницли во бело вино- нашата идеја за денешниот ручек

Телешки шницли во бело вино Нашата идеја за денешниот ручек … Потребно е: 500 г телешки шницли 1 главица кромид, ситно исецкан 3 чешниња лук, ситно исецкани 1 лажица сенф 200 мл бело вино сол, бибер малку вода масло Потребно е: Сите шницли истенчете ги со дрвен чук,...

Мини говедско по рецепт на Џејми Оливер

Мини говедско по рецепт на Џејми Оливер

Идејата за овој рецепт е добиена од познатиот рецепт за бифтек Велингтон. Овде наместо говедски бифтек, се користи мелено говедско месо во комбинација со мелен ким и кари прав. Наместо мелено говедско месо можете да користите свинско или пак јагнешко мелено месо, а...