Идејата за овој рецепт е добиена од познатиот рецепт за бифтек Велингтон. Овде наместо говедски бифтек, се користи мелено говедско месо во комбинација со мелен ким и кари прав. Наместо мелено говедско месо можете да користите свинско или пак јагнешко мелено месо, а може и мешано.
Потребно е:
- 1 главица црвен кромид, ситно сецкан
- 1 морков, изрендан на крупното ренде
- 2 чешниња лук, ситно сецкани
- 1 гранче целер, ситно сецкано
- 1 прстофат мелен ким
- 1 прстофат мелен чили во прав
- 500 г мелено немасно говедско месо
- 200 г грав од конзерва
- 1 лажица пире од домати
- морска сол
- свежо мелен бибер
- 2 јајца
- 2 лажичиња брашно
- 500 г лиснато тесто
- 1 рака мелен кашкавал (гауда, ајдамер)
- маслиново масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени.
На загреано маслиново масло пропржете го сецканиот кромид, сецканит лук и целер, изренданиот морков и динстајте на средна температура околу 10 минути, односно додека не омекне целиот зеленчук.
Додадете ги зачините, измешајте убаво и динстајте уште некоја минута. Потоа целата содржина префрлете ја во друг сад и оставете да се излади.
Кога зеленчукот ќе се излади во садот додадете го и меленото месо, гравот и пирето од домати. Додадете и прстофат сол и прстофат бибер и едно изматено јајце. Целата содржина замесете ја со раце за да добиете хомогена смеса.
На работната површина посипете го брашното и на него ставете го лиснатото тесто. Развлечете го малку со сукало, но да го задржи правоаголниот облик. Исечете го на 4 еднакви делови.
Смесата од месо распоредете ја подеднакво на сите 4 парчиња лиснато тесто. Оставете по 2 см од краевите на тестото.
Врз месото посипете од ренданиот кашкавал. Краевите од тестото премачкајте ги со второто изматено јајце за да може полесно да се залепат. Преклопете ги краевите и притиснете ги со прсти за да се залепи тестото. Истата постапка повторете ја со сите парчиња лиснато тесто.
Тавата за печење посипете ја со брашно и на брашното ставете ги парчињата лиснато тесто. Секое парче премачкајте го со изматено јајце.
Тавата ставете ја во загреаната рерна и печете го мини говетското Велингтон околу 25 минути односно додека не добие златна боја.
Оставете ги малку да се изладат и послужете ги со сезонска салата.