Ќофтиња со сирење

Мар 21, 2019 | Телешко месо

Состојки:

  • 500 грама јунешко (или мешано)  мелено месо,
  • кромид,
  • 250 грама сирење,
  • 1 стара кришка леб,
  • 2 лажици сецкан магдонос,
  • 1/2 лажица оригано,
  • 1 јајце,
  • масло,
  • сол,
  • бибер.

Подготовка:

Кришката леб потопете ја во малку млака вода. Сирењето исецкајте го на коцки.

Кромидот излупете го и исецкајте го, па пропржете го на малку зејтин. Меленото месо ставете го во чинија,

додајте го омекнатиот леб и сите останати состојки. Измешајте ги и направете ќофтиња.

Во секое ќофте ставете по едно парче сирење.

Загрејте масло и пржете ги ќофтињата додека не поруменат.

ПЛЕСКАВИЦА ПОЛНЕТА СО КАШКАВАЛ! Вкусно и сочно, сигурно нема да ве разочара!

ПЛЕСКАВИЦА ПОЛНЕТА СО КАШКАВАЛ! Вкусно и сочно, сигурно нема да ве разочара!

Со мека текстура и полн вкус, овие плескавици се лесни за подготовка и се вистински хит за скара што можете да го подготвите и на грил тавче… Уживајте! Со додавање на презла, јајце, ворчестер сос, млеко и лук во прав, овој рецепт создава совршена основа за сочни...

Рецепт за турско ќофте

Рецепт за турско ќофте

Состојки: 500 гр мелено јунешко месо 2 парчиња бајат леб, без корки потопен во малку вода 1 главица кромид, изрендан 1 лажичка сушено нане 1 лажица свеж магдонос, ситно исечкан 1 главица лук, ситно исечкана 1 јајце сол и бибер брашно масло ја пржење   Подготовка:...

Телешки шницли во бело вино- нашата идеја за денешниот ручек

Телешки шницли во бело вино- нашата идеја за денешниот ручек

Телешки шницли во бело вино Нашата идеја за денешниот ручек … Потребно е: 500 г телешки шницли 1 главица кромид, ситно исецкан 3 чешниња лук, ситно исецкани 1 лажица сенф 200 мл бело вино сол, бибер малку вода масло Потребно е: Сите шницли истенчете ги со дрвен чук,...

Мини говедско по рецепт на Џејми Оливер

Мини говедско по рецепт на Џејми Оливер

Идејата за овој рецепт е добиена од познатиот рецепт за бифтек Велингтон. Овде наместо говедски бифтек, се користи мелено говедско месо во комбинација со мелен ким и кари прав. Наместо мелено говедско месо можете да користите свинско или пак јагнешко мелено месо, а...