Саша Ковачевиќ во интервју за КУРИР открива кое му е омилено „забрането“ македонско јадење

Мар 25, 2019 | Забава

Краток извадок од интервјуто:

Најнапред Добро дојдовте во Македонија, по не знам кој пат, како се чувствувате тука?

Добро ве најдов, феноменално, навистина од вчера не прекинавме со давање на интервјуа и промоција на концертот, така да ете го користиме убавото време и уживаме со Македонците.

На прашањето дали има некое традиционално македонско јадење кое ви оставило најмногу впечаток атрактивниот српски пејач одговори:

-Целата македонска кујна ми се свиѓа, знам за пастрмајлијата дека ми е супер, но поради мојата исхрана не јадам често,

но навистина сметам дека сте сериозни гурмани и имате феноменална кујна.

Каде и да седнам ширум цела Македонија јадам секогаш и тоа е навистина за оценка 10-ка.

Во прилог на ова интервју ќе ви ја откриеме  танјата на Штипската пастрмајлија

ШТИПСКА пастрмајлија

И додека цела Македонија се „расправа“ чија пастрмајлија е вистинската, решивме да ги пробаме СИТЕ.

Зошто да не?! Сега е месецот со „р“, значи вистинско време.

Ја јадевме велешката, сега ја вкусуваме штипската, а има работа и околу неготинската, кратовската, радовишката… остана ли уште некоја?

Во основа, секогаш е проблем кога барате рецепт од некој искусен готвач. Ги чуваат како змија нозете.
Но, замислете колку е тешко да добиете рецепт од еден цел град!
Никој, ама баш никој не ја раскажува „прикаската“ за таа вкусна пита, а најмалку штипските готвачи.
На секој обид да проникнете во нивната тајна, ќе ве однесат во минатото и ќе ви речат:
„Ех, да можевте да ја пробате пастрмајлијата во ’Каната’ или во ’Басара!’ Во викендите редици се чекаа.
Ваша работа беше да си донесете само сечкано месо, останатото се правеше таму“.

И во една недовршена сторија, сепак успеавме да украдеме дел од тајната, барем делот за подготовка на месото.

Што се однесува до тестото… останува да го направите по свое и тоа да стане дел од вашата тајна за Штипската пастрмајлија.

Подготовка 90 минути, рецепт за 4 лица:

  1. Тајната е во алевата пиперка (ал пипер). Најдобро е месото да се приготви еден ден порано или најмалку шест часа да отстои зачинето со сол, со бибер и секако, со црвен пипер.
  2. Месото се сечка на мали парчиња.
  3. Брашното го замесувате вообичаено, со вода и со малку сол и го оставате да се подигне.
  4. Тестото го делите на два дела.
  5. Секое парче се размесува во елипсовидна форма и врз него се става приготвеното месо.
  6. Врз секое парче пастрмајлија се става и по една лажица свинска маст.

Штипјани не ставаат јајце врз пастрмајлијата.

Затоа, доколку се најдете во некој штипски ресторан а сакате пастрмајлија со јајце – тоа морате да им го потенцирате.

И не е некоја тајна дека најубаво е пастрмајлијата да ја испечете во фурна на дрва.
Доколку ја немате дома, ќе ви послужи и електричниот шпорет, но претходно добро ќе ја загреете рерната. Најмалку на 250 ºC.
Се пече 25 минути, а се јаде за минута. Дозволите и да  „си дојде на себе”.
Убаво би било да ја завиткате во платнена крпа и да дадете малку време да се одмори. Така ќе развие побогат вкус.
На оние, пак, што се многу гладни, им се нуди швајцувана пастрмајлија! По скопски – двојна.
Ех оваа моја чудесна земја!

 

 

 

Се подготвувате да одите на море – ова се цените за кафе, храна и лежалка во Хрватска, Црна Гора и Грција

Се подготвувате да одите на море – ова се цените за кафе, храна и лежалка во Хрватска, Црна Гора и Грција

Летото пристигнува и пред почетокот на сеозната главно прашање на македонските туристи кои планираат одмор им е освен цената на хотелите и апартманите, колку чинат лежалките, чадорите за сонце, кафето, гирото и слично. Цените во Грција и Црна Гора, засега се останати...

Мексиканска кујна

Мексиканска кујна

За мексиканската кујна се смета дека е една од најпознатите во светот. Голем дел од производите што се користат во разните кујни во светот, потекнуваат од Мексико. На пазарите во старо Мексико можело да се најде: грав, пченка, кикиритки, какао, домати, чили пиперчиња,...

Тајните на Француската кујна

Тајните на Француската кујна

Вистинскиот развој на француската кујна започнува со Катерина де Медичи. Кога во 1533 -тата година таа заминала за Франција за да се омажи за кралот Хенри Втори, таа покрај личните работи, на пат ги повела готвачите, келнерите и слаткарите. Катерина со право била...

Турска кујна

Турска кујна

Турската кујна спаѓа меѓу 10 најатрактивни светски кујни. Дамнешниот номадски живот, просторот со различната флора и фауна, кои минува низ седум географски зони, и наследството на богатата царска кујна се трите темелни елементи кои влијаат врз гастрономската умешност....