Правите големи грешки: Еве кои намирници не треба, а кои мора да ги миете пред јадење

Јан 21, 2020 | Здрава храна, Совети

Иако се чини логично дека секоја намирница пред готвењето треба да се измие, за некои од нив оваа навика е повеќе штетна отколку добра. Миењето на одредена храна може да доведе до ширење на бактерии и други негативни последици.
Во продолжение ви нудиме листа на храна, која не треба да се мие пред готвење или печење:

1. Јајца. Во индустриското производство им се става посебна супстанца, со цел да се заштитат од зараза со бактерии.
2. Пилешко месо. Многумина мислат дека миењето на пилешкото пред готвење ќе го реши проблемот со бактерии, но така само ќе ги проширите на рацете и кујнската работна површина.
3. Друго месо. Исто како и со пилешкото, не би требало да го миете ниту свинското, јагнешкото, говедското месо… Наместо со вода, од бактериите ќе се ослободите преку печење или готвење на висока температура. Ако сакате да го отстраните вишокот на сок од површината на месото користете хартиена крпа и потоа измијте ги рацете темелно.
4. Тестенини. Кулинарските шефови предупредуваат дека со миењето на тестенините се отстранува скробот кој подобро го апсорбира сосот. Тестенините може да се измијат по готвењето само ако сакате да ги користите за подготовка на салата.
5. Печурки. Ако веќе инсистирате, најдобро е кратко да ги исплакнете и исушите со хартиена крпа, наместо долго да ги држите во вода. Направете го тоа непосредно пред готвењето.

За разлика од овие пет намирници, следните треба секогаш да се мијат:

1. Овошје и зеленчук со кора која се јаде задолжително мијте го пред јадење.
2. Лименки. Бактериите не можат да влезат внатре, но можат преку капакот, па најдобро е да ги измиете пред да ја отворите лименката.
3. Овошје и зеленчук со кора која не се јаде. Без оглед како ги лупите, бактериите ќе стигнат до делот за јадење. Затоа е добро најпрво да се измијат, на пример, дињите и лубениците.
4. Јаткасти плодови. Треба да се измијат дури и ако се излупени, бидејќи никогаш не се знае како и каде биле чувани. Покрај тоа, со миењето ќе ја отстраните и фитинската киселина која ги штити оревите од паразити, а може да му наштети на организмот.
5. Сушено овошје. Оваа храна се смета за една од највалканите. Дури и ако сте ја купиле во луксузно пакување- измијте ја или оставете ја да отстои натопена неколку часа.

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...