Напиток за детоксикација и намалување на килограмите!

Апр 11, 2018 | Здрава храна, Совети

Веруваме дека и вие сте нафрлиле некој килограм повеќе од зимскиве празници и дека и на вас како и на нас, ви е потребена детоксикација. Поради оваа причина,  ви нудиме пијалок кој ќе ви помогне побрзо да ги изгубите килограмите, но исто така, ќе направите целосна детоксикација на вашето тело.

Напивката од ѓумбир и лимон е лесно да се направи, а е одличен избор за чистење на телото од отрови. Сем што го забрзува метаболизмот, овој пијалок, исто така, го подобрува намалувањето на тежината. Ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб, а исто така помага и кај надуеноста и го забрзува дигестивниот систем, додека лимонот има диуретички својства што го стимулира исфрлањето на токсините од телото. Освен лимонот и ѓумбирот, како детокс пијалок со вода, можете да комбинирате свежи краставици, лимон и нане.

Овој чудесен пијалок може да послужи како детоксикација и припрема за диета, но исто така и како брз и едноставен здрав утрински ритуал кој ќе ви помогне да го исчистите телото од токсини акумулирани за време на празниците. Рецептот е многу едноставен, а подготовката трае само 5 минути.

Состојки:

– 3 дцл вода – собна температура
– половина исцеден лимон
– 1см корен од ѓумбир

Подготовка:
Додадете го лимонот и ситно исеканиот ѓумбир во чашата со вода, оставете го малку да отстои и потоа испијте го. Ако сакате, можете да го засладите со малку мед и да додадете неколку ливчиња нане.

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...