Кинески еликсир за имунитет кој ќе ве спаси од настинки и грип годинава!

Окт 25, 2017 | Здрава храна, Совети

Кинеската народна медицина е позната ширум светот и се смета за исклучително делотворна, па секако дека не може да ви штети за токму оваа зима да го испробате стариот кинески напиток кој ќе го зајакне вашиот имунитет.

Во кинеската народна медицина циметот има посебно место и се смета за една од најдобрите состојки од природата, особено кога се работи за настинките и гриповите. Вообичаено се употребува во комбинација со чај и свеж ѓумбир.

Помага за да се зајакне имунитетот, а покрај тоа ги олеснува и проблемите со варењето. Па, ако започнете со редовно консумирање на овој напиток, со сигурност набрзо ќе почувствувате и бројни други предности.

Подготовка:

Во 200 милилитри зовриена врела вода ставете две мали лажички цимет и една лажица мед. Изрендајте околу една мала лажичка свеж ѓумбир, па додадете три лажици сок од лимон и затворете со тацна.

После два часа испијте половина од овој напиток, а најдобро би било тоа да биде навечер пред спиење. Другата половина испијте ја наутро, кога ќе станете, и тоа на празен желудник.

Пробајте и со сигурност ќе забележите единствено само позитивни ефекти!

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Колку навистина шеќер има во една банана?!

Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша препораката дека кога јадете овошје, треба да избегнувате банани бидејќи „имаат премногу шеќер“. Со порастот на диетите со малку јаглехидрати во последниве години, често се слуша...

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути. Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната. Состојки: 200...