Германска пица: Омилениот рецепт на нацијата со шунка, павлака и лук

Мар 14, 2022 | Брза храна, Пити и тесто

Ќе најдете германски минипици со кисела павлака и кромид со потекло од Баден-Виртемберг наречени dinnete, dinnele, dinnede или dünnele.

Често се подготвуваат за време на карневали, но можат да се најдат и на германските трпези во текот на целата година. Dinnete се подготвува од обично брашно или комбинација од пченица и спелта.
Тестото се обликува во овални форми, се премачкува со павлака, а потоа се додаваат други состојки како кромид, млад кромид или праз, сланина и сирење. Можете исто така да додадете шунки и зачини како копар.

Состојки за германска пица:

  • 250 гр брашно
  • 1/2 пакување сув квасец
  • 100 мл млеко
  • 3 лажици вода
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • ¼ лажичка шеќер
  • брашно

Полнење за германска пица:

  • 200 гр кисела павлака
  • 1 кромид
  • 1 млад кромид
  • 50 гр рендано сирење
  • 100 гр шунка
  • сол и црн пипер

Подготовка на германска пица:

Измешајте ги состојките за тестото и замесете го и ставете го на топло место, покријте го со чиста крпа и оставете еден час.
Тестото поделете го на четири дела на набрашнета работна површина и развлечете го во овални форми. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
Се меша кремот и се премачкува тестото и се додаваат сечканите состојки: кромидот и младиот кромид и шунка и рендано сирење. Додадете сол и бибер и оставете 20 минути.
Се пече во рерна на 200 Целзиусови степени околу 15 минути.
Послужете го топло.

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Ова е рецепт за најдобрите здрави палачинки

Палачинките се еден од оние десерти кои би можеле да ги јадеме секој ден и не би се пожалиле дека често се на „менито“. Доколку и самите ги сакате, можеби е време да ги смените класичните и да пробате поздрава верзија во која ќе уживате без каење. Состојки: 1 морков...

БРЗА ВЕЧЕРА КОЈА ЈА САКААТ СИТЕ: Подгответе шпагети со лук

БРЗА ВЕЧЕРА КОЈА ЈА САКААТ СИТЕ: Подгответе шпагети со лук

Лукот му дава на јадењето феноменален вкус, затоа направете незаборавни шпагети за кратко време. Состојки: * 250 гр шпагети * 100 мл крем за готвење * 1 литар вода * 8 чешниња лук * 3 лажици маслиново масло * сол, бибер * 100 гр рендан пармезан * малку свеж магдонос...

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Се прави за еден час, а во неговата свежина можете да уживате до 7 дена, доколку можете да одолеете да не го јадете.Ако сте се здебелиле во текот на зимата и сега барате начин да го намалите внесот на калории, ќе започнете со елиминирање на белото брашно. Се прави за...

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Вкусни солени палачинки без брашно, млеко и јајца: Направете ги од вода и уште една состојка

Палачинките се старомоден деликатес кој се прави од состојки кои секоја домаќинка ги има дома. Може да бидат солени, слатки, пржени… Доколку сакате да ги јадете, ви носиме евтин рецепт за кој се потребни само три состојки. Палачинките се прават без брашно, млеко,...