СО КОИ СВЕТСКИ РЕКОРДИ МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ЗАПИШАНИ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ

Македонците се познати како народ што знае одлично да пее, да готви, да јаде и да пречекува гости. Меѓутоа Гинисовата книга на рекорди открива активност плус во која Македонците го срушиле рекордот.

Вики и Стојан Давчеви успеале да постават рекорд во варење грав. Биле сварени 3,150 килограми грав, во селото Сарачиево, и овој рекорд бил за речиси 2,000 килограми повеќе од претходниот рекорд.

Иако не може да се нарече Македонец, сепак Силвио Саба е впишан во Гинисовата книга на рекорди како човек што за 2,66 секунди успеал да излупи варено јајце токму во Струмица.

Мени