Пица – лубеница е новиот летен хит рецепт!

Лубеницата е дефинитивно најомиленото летно овошје.

Покрај тоа што е неверојатно вкусна, истата е полна со вода која ви е потребна, а е и многу лесна за јадење, особено кога е многу ладна.

Веројатно најлесно е да се јаде на класичен начин или пак во вид на некој сок, но летово има и нови начини на консумирање на лубеницата кои знаеме дека ќе ги обожавате.

Специјалитетот „пица – лубеница“ е нешто што особено ќе ве освежи во било кој дел од денот, а со истиот ќе ги израдувате било кои гости што ќе ви се најават.

Базата на овој специјалитет е парчето лубеница, а врз него можете да ставите малку овошен јогурт, кокос, парчиња бадем, житарици и сезонско овошје.

На овој начин, едноставното парче лубеница станува нешто неверојатно, а за изгледот и да не говориме.

Овој рецепт се подготвува за многу кратко време, а сѐ што треба да направите е да исечете едно парче лубеница во круг, па потоа на помали парчиња како што би исекле пица.

Одозгора ставете по една лажичка од:

  • омилениот јогурт
  • малку житарици
  • бадеми
  • лешници или ореви и сосема на крајот останатото овошје што го обожавате подеднакво.

Италијанска кујна

Изобилството на производи и гастрономското наследство ја вбројуваат  италијанската кујна меѓу најпопуларните во светот. Карактеристично за италијанската кујна е што секој регион има свои особености. Географските промени од северот кон југот резултирале со мноштво разновидна  храна, но историското влијание одиграло важна улога. Така на пример сицилијанската кујна и денес го задржала влијанието на арапската кујна, а унгарскиот гулаш може да се проба и во Трст.

Италијанската трпеза е секогаш богата со разновидна храна, но тоа што секогаш е присутно е регионалната посебност, високиот квалитет на производите и чувството за традиција. На почеток на оброкот се служи предјадње кое обично има пет дела, потоа следува првото јадење со избор на разни јадења од тестенини или ориз, а по тоа следува второто јадење во кое има месо или риба со прилог од зеленчук; следува сирењето и на крајот десерт и кафе еспресо. Предјадењето може да се состои само од пршута или маслинки со леб или од петнаесетина вкусни залаци чии состојки варираат од регион до регион. Месните преработки како мортаделата, светски познатата париска пршута и разните салами се неизоставен дел на предјадењето, а може да се сервираат сами или со свежо овошје.
Рибата и морските плодови особено се популарни како предјадења во

приморските краеви. Во салатите од морски плодови најчесто се користи октопод и разни видови на школки.
Зеленчукот може да се служи свеж (во салатите) или варен и зачинет со маслиново масло и свежи ароматизирани растенија.
Неколкуте предјадења може да претставуваат самостоен оброк, кој се надополнува со крцкав леб или палента. Се продолжува со свежо овошје и сирење и на крај се заокружува со јако кафе еспресо.

КАФЕ
Во Италија еспресото се пие за појадок, но и во текот на целиот ден. Доброто еспресо мора да се пие топло од загрена чаша и обично со многу шеќер. Светлокафеавата боја на пената е знак дека апаратот за кафе е наместен на оптимална температура и притисок.

ДОМАТ
Доматот е омилениот зеленчук на Италијаните  и се јаде секој ден, независно од годишното време. Тој може да биде составен дел на сосот за тестенини, една од состојките на салатата, полнет или печен- италијанските готвачи секогаш ќе смислат нешто ново.

ПИЦА
Пицата влече корени уште од времето на старите Римјани. Но најголема популарност добива во 19- иот век кога италијанските емигранти и ја претставуваат на американската јавност. Во шеесетите години на 20 – иот век пицата станува популарна и во Европа, додека во Италија сеуште е непозната освен на територијата околу Неапол. Дури во 80-ите години на 20- иот век пицата станува популарна во Италија.

ТЕСТЕНИНИ
Секој регион во Италија има своја приказна за тестенините. Иако има повеќе верзии од кога потекнуваат тестенините и кој ги донел во Италија, едно е сигурно: денес тестенините се јавуваат во повеќе од 300 форми и се едно од најомилените јадења.

ПАРМЕЗАН
Пармезанот е сирење кое се произведува од обрано кравјо млеко. Парме­занот е жолт со грануласта структура и има пикантен вкус. Познат е во Парма уште во 13- иот век, иако потекнува од Тоскана во 11- иот век. Од 14- иот век се користи за наросување на тестенините. За да не се изгуби вкусот на пармезанот, треба да се изренда непосредно пред употребувањето.

ОРИЗ
За појавувањето на оризот во Италија постојат ралични теории. Едни тврдат дека за оризот знаеле и старите Римјани, додека други сметаат дека оризот на Сицилија го донеле Арапите. Одгледувањето на ориз во долината на реката По датира од 15- иот век.

ТИРАМИСУ
Тирамису што во превод значи ,,земи ме има статус на култен колач во Италија. Главни состојки се пишкотите  натопени со црно кафе, (во кои може да се додаде малку коњак, или рум) и сирење маскарпне кое на колачот му дава кремаста структура.
Храната во Италија претставува вистинско уживање кое секој­дневно се слави како гозба за сите сетила: во друштво на семеј­ството или пријателите, дома или во добар ресторан.
Секогаш кога е тоа можно храната во Италија се јаде во друштво.

ВИДЕО: Уникатни рецепти за пица

Пица е гастрономски специјалитет на италијанската кујна, најчесто направен од тенко, округло тесто на кое покрај сосот од домати можат да се најдат разни видови сирење, месо, зеленчук, овошје, зачини и други состојки во зависност од вкусот. Инвентивноста на вкусот може да се надополни и со креативноста на распоредот на самите состојки на пицата кои можат да бидат распоредени во форма на орнаменти или други интересни фигури. Инаку, ова јадење се смета како особена карактеристика за наполитанската кујна.

Денес пицата е мошне популарно јадење во светот, пред сѐ поради евтините и лесно достапни состојки како и поради едноставноста на нејзината подготовка.

Пицата не мора да биде традиционално тркалезна, може да заземе разни форми и облици и пак да биде една, прекрасна, незаменлива – пица.

Тимот на Tasty подготви видео со рецепти како да направите различни видови на пица за секакви прилики и за сечии вкусови.

 

Интегрална пица со зеленчук – комбинација од здравје и одличен вкус

Состојки:

  • 1 лажичка шеќер
  • 200 грама шампињони
  • 200 грама тиквичка
  • малку сол
  • 1 пиперка
  • малку оригано
  • 4 лажици маслиново масло
  • 100 грама маслинки
  • 2 чешниња лук
  • 1 главица црвен кромид
  • малку квасец
  • 150 грама интегрално брашно
  • 150 грама бело брашно
  • 200 грама Домати или пелати
  • 160 милилитри вода
  • малку босилек

Подготовка:

Во чинија за мешање ставете ги двaта вида на брашно и сол, па убаво измешајте.

Во шоља, во меѓувреме разматете го квасецот со малку шеќер и топла вода (од оние 160 мл.)

Потоа сипете го во брашното заедно со маслиновото масло и остатокот топла вода.
Замесете мазно тесто и оставете го да нарасне.
Тиквичката изрендајте ја, посолете и оставете малку да отстои.
За тоа време на малку маслиново масло, продинстајте го ситно сецканиот кромид, потоа додадете го лукот, а на крајот тиквичките.
Динстајте 15-тина минути, односно додека не испари целата течност.
Тестото расукајте го на два правоаголника, па ставете ги те на плех за печење,

прво распоредете ги тиквичките на тестото, потоа тенко сецканата пиперка, домат, пиперка и маслинки,

па печете во рерна на 250 степени 20-25 минути, додека тестото убаво не порумени.
Извадете ја пицата од рерна, посолете ја, попрскајте ја со оригано, маслиново масло, а на крајот одозгора додадете некое ливче свеж босилок.

Добар апетит!

Оригинален италијански рецепт за пица Капричиоза

Состојки:

  • тенко тесто за пица
  • 1 шолја доматен сос
  • 1 шолја артичока, исечкана на четвртинки
  • 1 шолја моцарела
  • 1 шолја сечени црни маслинки
  • 6 листови пршута
  • 1 шолја печурки, сечкани
  • 2 варени јајца, по желба

Подготовка:

На тестото за пица распоредете го доматниот сос.

Потоа, ставете половина од моцарелата, артичоките и маслинките.

Од горе ставете пак од моцарелата. Посолете и побиберете.

Печете на 250 степени целзиусови околу 25 минути, додека краевите на тестото не бидат златно кафени.

На крај, додадете ја пршутата и печете уште 5 до 7 минути.

Уживајте во пица без грижа на совест: Ова е специјалитет за слабеење

На прв поглед, оваа пица изгледа како и секоја друга.

Но, на прв поглед, или веќе на првото залче, ќе сфатите дека нешто фали – кашкавал!

Е сега, некој може да каже дека ова не е пица, па во тој случај можете да ја нарекувате „отворен сендвич“, но млечните производи навистина дебелеат.

Ако сакате да се ослободите од масните наслаги од половината, тогаш мора да се откажете од нив.

Рецепт за пица

Потребно е: 200 грама ’ржано интегрално брашно, рамна лажица сол, половина прашак за пециво, две лажици маслоново масло, 125 мл вода.

Подготовка: Тестото замесете го и развијте го во круг. Ставете го во тава, на хартија за печење во рерна 5 минути, само одозгора да се фати коричка.

Извадете го, па филувајте: сос од домати, оригано, сувомеснато (по желба), зеленчук (каков сакате), јајца.

Сето ова ставете го во рерна и печете додека јајцата не бидат готови. Кога ќе ја извадите, одозгора ставете рукола. Попрскајте со малку маслиново масло, па и малку балсамико.

Надравје!

Извонредни совети за љубителите на пица и на здрава исхрана

Се трудите да се храните здраво. Мислите дека пицата не спаѓа во таа категорија? Размислете уште еднаш! Иако луѓето обично мислат дека пицата дебелее, тоа не мора да биде баш така. Ако ја приготвите или ја нарачате на вистинскиот начин, пицата може да биде многу хранлив, вкусен и нискокалоричен оброк.

Самите пригответе пица

За почеток направете или купете интегрално тесто од целовити зрна. Во него има повеќе влакна, витамини, минерали и антиоксиданси отколку во тестото од рафинирано брашно. Бидете креативни со тестото.
Наместо полномасен, користете кашкавал со помалку маснотии. Самите направете сос и не користете премногу шеќер или сол. Додадете свежи билки, босилек и оригано и мелен црвен пипер.

Не штедете на зеленчук. Бидете креативни со помош на рукола, спанаќ, тиквички, артичоки, чили пиперчиња, репка, рен или што и да ви текне друго. Не постојат граници. Колку повеќе зеленчук, толку повеќе влакна и вкусови.

Нарачајте пица

Нарачајте пица со тенко тесто, а ако во понудата имаат интегрално, уште подобро. Во тенкото тесто има помалку калории, а житарките ќе обезбедат витамини и минерали како и диетални влакна што помагаат при слабеењето  заради чувството на ситост.

Барајте пица со помалку кашкавал. Повеќето пицерии не употребуваат кашкавал со помалку маснотии, па со помалку кашкавал на нарачаната пица ќе добиете и помалку калории и заситени масти. Распрашајте се дали во понудата има вегетаријанска пица. Избегнувајте протеински пици со висок удел на маснотии што се наоѓаат во колбасите, фефероните и сланината.

Изберете пица со црвен сос зашто има пониско ниво маснотии и калории и е полн со ликопени, силни антиоксиданси што можат да помогнат да се намали ризикот од рак и срцеви болести.

Италијански шеф откри: Вака правилно се јаде пица

Постои начин на јадење пица за кој италијанскиот шеф Стефано Цирен вели дека единствен вистински начин на консумирање. Вели дека се ретки тие кој јадат така.

Дали можете да верувате дека дека воопшто може да се говори за некакво си правилно јадење пица?

Италијанците ова јадење го подготвуваат често, со многу внимание.

Шефот Стефано Цирен вели дека единствен правилен начин е да се преклопи еднаш, па уште еднаш и да се јаде како сендвич.

-Треба да ги стисните аглите на пицата, левата и десната страна треба да бакнат. Пицата мора да биде мек, никако крцкава. Тоа е улична храна која се јаде во движење. На тој начин ја јадат луѓето во Неапол, објаснува за Дејли мејл.

 

Градот во кој се прави најубавата пица на светот не е италијански- ова се ТОП 5 места

Некогаш јадењето за сиромашни, превкусната пица, е едно од омилените јадења во светот. Иако Италија е домот на пицата, интересно е дека денес само во два града во Италија се прави најубавата пица на светот. Уште поинтересено е дека ниту еден од тие два града, не е на прво место.

5.Мелбурн

Австралија е земја со најголема италијанско-австралијска популација. Тоа значи дека совршената пица просто тече низ вените на едните и другите. Некои од најубавите пици на светот се наоѓаат во Мелбурн каде што се пицериите „Омбра“ и „Гради“.

4. Рим

Вечниот град исто така е во првите пет града во светот каде што се прават најубавите пици во светот. Пица-лебот кој доаѓа право од фурна се сервира на парче. Ако се шетате по преубавиот Рим, мора да направите две паузи, во пицеријата „Пицариум“ и во „Ема“.

3. Њујорк

Пица за еден долар може да купите на секој агол. Добрите познавачи сметаат дека ако сте во Њујорк пица мора да јадете во ресторанот „Грималдис пица“ или во „Робертас“.

2. Неапол

Тука се почнало. Тука е родена пицата. Мн0гумина се шегуваат дека Везув не исфрлил само лава, туку и пица. Неапол ги усоврши трите бои на италијанското знаме, зелена (босилек), бела (моцарела) и црвена (домат). Ако сте во Неапол, едноставно не смеете да заминете од градот без да ја посетите пицеријата „Ла Нотица“.

1.Чикаго

Иако многумина се скептични околу потеклото на пицата од Чикаго и сметаат дека овој град не заслужува да се најде пред Неапол, мора да се истакне дека пицеријата „Пицано“ правела „чикаго“ пица уште од 1943 година. Пицата со дебело тесто го ставија овој град на мапата, а новите ресторани дури прават и пита-пици. „Спаца Наполи“ ги има сите пици кои ќе ги посакате: дебели, неаполски, во облик на пита…на сите можни начини кои може да ги замислите.