
Состојки:
- 200гр. брашно
- 100гр. путер
- Прстофат сол
- 1 јајце
- 2 јајца
- 100гр. сланина
- 1 главица кромид
- 100гр. моцарела
- 100гр. кашкавал
- 200мл. неутрална павлака
Подготовка:
- Се замесува тесто, од брашното, путерот, солта и јајцето.
- Се остава во фрижидер, 30 минути покриено со стреч фолија.
- На оган во тавче се запржува кромидот.
- Се додава сечканата сланина и кратко се пржи.
- Испржената сланина и кромид се нанесува на тестото кое претходно го расукуваме со сукало и го нанесуваме во модла број 26.
- Врз сланината и кромидот се редат коцки моцарела.
- Во посебен сад се матат 2 јајца, неутралната павлака и ренданиот кашкавал.
- Оваа смеса се нанесува врз сланината и моцарелата.
- Вака подготвениот куп е спремен за печење на 200С околу 30минути.
Слични рецепти и на профилот на Kitchen4.Me