Кошнички со јајца и сланина

Состојки:

  • 9 јајца
  • 9 парчиња сланина
  • 9 парчиња тост леб
  • 2 лажици павлака
  • 100 грама кашкавал
  • Зачин по вкус

Подготовка:

  1. Калапот за мафини се премачкува со путер.
  2. Во секој простор од модлата се реди по едно парче сланина.
  3. На лебот со нож се отстрануваат краевите.
  4. Со сукало се расукува средишниот дел од лепчето. Се реди и лепчето во модлата.
  5. Во секое од лепчињата се става по една лажичка измешано павлака и кашкавал и по едно цело јајце.
  6. Се зачинува по вкус.
  7. Се пече во загреана рерна на 150С, 10-15 минути.

Пријатно јадење !

Слични рецепти и на профилот на Kitchen4.Me

Мени