
Состојки:
- 600-700 грама брашно
- 200мл. млеко
- 100мл. вода
- 100мл. масло
- 1 коцка квасец
- 1 лажица сол
- 1 лажица шеќер
- За посипување:
- Рузмарин со крупна сол
- Оригано со пармезан
- Магдонос и лук
- Буковец
Подготовка:
- Од наведените состојки се замесува тесто.
- Се остава да отстои околу 1 час.
- Стасаното тесто се дели на 8 топчиња, секое тесто се расукува со големина од 10цм.
- Се премачкуваат со масло се посипуваат, две со рузмарин и крупна сол, две со оригано и пармезан, две со магдонос и лук и две со буковец.
- Вака подготвените лепчиња стасуваат уште 30 минути , се печат на 200С додека поруменат.
Пријатно јадење!
Слични рецепти и на профилот на Kitchen4.Me