Скопско ќофте – рецепт за сите гурмани

Фев 19, 2019 | Свинско месо

Состојки:
за ќофтињата:

1 кг мешано мелено месо (говетско и свинско)
100 гр сварен ориз
1 поголем кромид, ситно сецкан
2 јајца
7 лажици презла
1 лажица мешан сув зачин
сол и бибер
малку мелена црвена пиперка
масло за пржење на ќофтињата

за прилог:

200 гр сварен ориз

за сос:

1 кромид, ситно сецкан
700 гр сварен сос од домати
2-3 чешниња лук, ситно сецкани
мешан сув зачин
сол и бибер
магдонос, ситно сецкан
3 кругови кромид
3-4 кругови свеж домат
1 сува пиперка (по желба)

Подготовка:
Прво подгответе го оризот за прилог:

– На малку масло пропржете 200 гр измиен ориз додека зрнета не ја променат бојата. Потоа сипете околу 1 л врела вода и на тивко сварете го оризот. Кога ќе биде сварен ставете го во цедалка и поминете го под млаз студена вода за да се двојат зрната. Исцедениот ориз посолете го и ставете и малку бибер и мелен сув зачин.

– 1/3 од сварениот ориз ставете го во смесата за ќофтиња, а остатокот оставете го за прилог.

Сега подгответе ја смесата за ќофтиња:
– Во еден сад ставете го меленото месо, сецканиот кромид, јајцата, презлата, оризот, мешаниот сув зачин, биберот и солта и малку мелена црвена пиперка. Сите состојки убаво измешајте ги со рака за да се соединат.

– Од подготвената смеса со намастени раце обликувајте ќофтенциња. Треба да добиете 15-20 мали ќофтиња. Испржете ги во тава на малку масло.

Подготовка на сосот:
– Во тава испржете го сецканиот кромид и додадете го сосот од домати, сецканиот лук, малку мелен сув зачин и ситно сецкан магдонос. Варете го сосот 4-5 минути. На крај во сосот додадете сол и бибер по вкус (може и малку шеќер во зависност од киселоста на доматите).

– Земете земјана тава во која ќе го печете ова јадење во рерна и премачкајте ја со путер.

– На средина ставете го варениот ориз кој го оставивте за прилог, а одоколу наредете ги пржените ќофтиња.

– Врз оризот ставете 2-3 кругови (или полукругови) кромид, а најодозгора кругови свежи домати. Додадете сол и бибер и сецкан магдонос.

– Со сосот прелијте ги ќофтињата,а ставете и малку над оризот.

– Вака подготвената тава ставете ја да се пече во загреана рерна околу 40 минути на 180 целзиусови степени.

Ручек за вистински гурмани: Свински медаљони во сос од печурки

Ручек за вистински гурмани: Свински медаљони во сос од печурки

Предлог што да зготвите за денешниот ручек. Потребни состојки: 800 г свинско месо Рузмарин 1 чешне лук Сол и бибер 2 лажици маслиново масло Морска сол Главица кромид 2 лажици масло 250 г шампињони 200 мл неутрална павлака Начин на подготовка: Измијте го месото и...

Само за вистински гурмани – ребра во сладок сос со компири

Само за вистински гурмани – ребра во сладок сос со компири

Состојки: 2 кг свински ребра 6 чешниња лук свеж ѓумбир, излупен и сечкан дробени суви лути пиперчиња (по вкус) 6 ѕвездички анасон 6 лажички мед 150 мл соја сос 2 – 3 лажици оцет 200 мл бело вино 6 млади кромидчиња 400 мл вода во која претходно ќе растворите...

Мексикански плескавици

Мексикански плескавици

Состојки: 500 г мешано мелено месо 2 главици кромид 70 г рендан кашкавал 150 мл кечап 30 г тортиља чипс 1 лажица сенф 1 чешне лук, ситно исечкан или истолчен бибер Подготовка: Измешајте ги меленото месо, ситно сечканиот кромид, кечапот, издробениот чипс, сенфот, лукот...

Само за вистински гурмани – ребра во сладок сос со компири

Само за вистински гурмани – ребра во сладок сос со компири

Состојки: 2 кг свински ребра 6 чешниња лук свеж ѓумбир, излупен и сечкан дробени суви лути пиперчиња (по вкус) 6 ѕвездички анасон 6 лажички мед 150 мл соја сос 2 – 3 лажици оцет 200 мл бело вино 6 млади кромидчиња 400 мл вода во која претходно ќе растворите...