Јадете лути пиперчиња?

Лутите пиперки се клучот за здраво срце, тврдат експерти.
Тие откриле дека материјата што го дава лутиот вкус на пиперката го намалува крвниот притисок и холестеролот.
Лутите пиперки имаат голем потенцијал да штитат од болести на срцето. Истражувањето спроведено во кинескиот универзитет во Хонконг било насочено кон групата материи наречени капсаициноиди кои го даваат лутиот вкус.

Овие материи исто така учествуваат во блокирањето на ген кој предизвикува стеснување на артериите, а со тоа и ограничен проток на крв кон срцето  и другите органи. Благодарение на блокирањето, мускулите се опуштаат и се шират со што се овозможува подобар проток на крв.

Мени