Ѓевреци

Состојки за тесто:
800грама – 900грама брашно
500 мл. вода
1коцка квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
За премачкување:
1 маргарин
Јајце
Сусам

Подготовка:
Се замесува тесто од наведените состојки .
Се остава да стаса околу 1 час.
Стасаното тесто се дели на 10 топчиња, на 2 места по 5 топчиња. 5 за ѓевреците со сланина и 5 за ѓевреците со сирење.
Секое топче се расукува со големина од 20 цм и се премачкуваат со маргарин, последната петта кора не се премачкуава.
Се редат една врз друга.
Петте кори се расукуваат во правоаголна кора со дебелина од 5 мм, половина од кората се премачкува со маргарин и се преклопува.
Повторно се расукува во правоаголник со дебелина од 5 мм, на половина од расуканата кора се реди ПОДГОТВЕНА тенко исечена сланина, се преклопува.
Вака подготвената кора се истенчува со сукало до дебелина од 1 цм.
Се сечат ленти со дебелина од 3 цм се вртат спирално, едниот крај се спојува со другиот и се формира ѓеврек.
Се редат во тавче обложено со хартија за печење и се премачкуваат со јајце.
Постапката се повторува и со останатото купче од 5 топчиња за ѓевреците со сирење.
Се печат на 200 С околу 30 минути.
Пријатно јадење!

Мени